Секој маж мора да ожени две жени или доживотен затвор!

Активисти пратиле наводен допис до Владата во Еритреја во кој се бара од мажите да оженат најмалку две жени бидејќи постои акутен недостаток на мажи поради жртвите во текот на граѓанската војна со Етиопија.

d9a183829f38d26cb4fb9bca40460921_XL

Во изјавата на владата, како што тврдат активисти, го пишува следното:

„Врз онсова на Законот Божји за полигамија, а имајќи ги предвид околностите во кои земјата се соочува со недостиг на мажи, еритрејското министерство за вера ја донело следната одлука: – Прво секој човек треба да ожени најмалку две жени и мажи кои одбиваат и ќе бидат изложени на казна на доживотен затвор со принудна работа. Жената која се обидува да го спречи својот маж да ожени друга жена ќе биде казнета со доживотна робија“, пишува во документот кој го обајвиле активисти.

Во меѓувреме некои Кенијци реагирале на оваа најава на збунетост, сугерираат дека би можеле веднаш да го променат своето државјанство и да го искористат новиот закон во земјата.

Двегодишната војна меѓу Ертиреја и Етиопија однесе околу 150 000 војници во смрт, а тоа најмногу го почувствувале Еритрејците кои вкупно ги има околу 4 милиони.

Стиснете ја оваа точка на телото, со причина ја нарекуваат „врата на рајот”

Симптомите на стрес се бројни и непријатни. Главоболки, дигестивни нарушувања, несоница и нервоза се некои од ситуациите кои можете да ги решите во само неколку минути со притискање на една точка.

Стресот е секојдневна појава, која повеќето од нас ја доживуваат. Освен нервоза, постојат многу физички симптоми, како што се главоболка, недостаток на енергија, пад на имунитетот, па дури и дигестивни нарушувања.

Кинескиот метод на третман познат како акупресура објаснува дека постојат одредени антистресни точки на човечкото тело, со чија стимулација телото се опушта и го ублажува стресот.

Една таква се вика Шен Мен, која во слободен превод значи „врата на рајот”.

Со притискањето на ова антистресно место се намалува стресот, се зголемува енергијата и се зајакнува имунитетот, ја ублажува болката. Точката се наоѓа на внатрешниот горен дел на увото, а со мало триење станува активна.

Еве како со масажа на точка Шен Мен можете да го опуштете телото и духот:

Со стапче за уво притиснете ја точката и нежно масирајте.

Дишете полека и длабоко, слушајте го вдишувањето и издишувањето.

Додека дишете, погледнете лево, а за време на издишување на десно, но без да ја вртите главата.

Постепено ќе се чувствувате како вашето тело се релаксира, симптомите на стрес ќе се намалат.

Совети:

Точката можете да ја масирате и со врвот на прстите.

Масирајте ја точката секогаш кога чувствувате дека сте под голем стрес

Оваа постапка можете да ја повторувате секој ден пред спиење.

Жените “паѓаат“ на овие три работи кај мажите

Иако секој човек има свои карактеристики, длабокиот глас, висината и брадата често се издвојуваат како клучни фактори кои ги привлекуваат жените на прв поглед.

Често се вели дека вкусовите не се за дебата. Сепак, што е тоа што го привлекува вниманието на жените кога првпат ќе запознаат маж? Дали се тоа рамената, очите, рацете или можеби целиот изглед?

Многу жени тврдат дека првиот впечаток често го одредува гласот. Особено кога мажот има длабок, речиси доминантен глас. Тие се убедени дека гласот може целосно да ги засени сите други карактеристики на мажот.

Што е уште поинтересно, жените тврдат дека убавиот тон на глас може значително да го трансформира првиот впечаток за мажот. Мажите со подлабок глас предизвикуваат впечаток на моќ и сексипилност, оставајќи впечаток на самодоверба.

Но, постои уште едно оружје кое датира со векови наназад – висината на човекот. Жените се чувствуваат побезбедно со повисоки мажи. Универзитетот во Јута спроведе студија која покажа дека повисоките мажи почесто се грижат да ги заштитат другите отколку пониските мажи.

Ако длабокиот глас и висина ги надополниме со брада, добиваме неодолива комбинација.

Бројни студии покажуваат дека повеќето жени сè уште претпочитаат брада отколку избричено лице.

Зошто партнерите во врска почнуваат да личат еден на друг?

Дали некогаш сте забележале дека луѓето кои се во врска долго време почнуваат да личат еден на друг?

Во некои случаи, нивната сличност е толку голема што луѓето мислат дека се брат и сестра. Дали причината за сето ова е што добар дел од луѓето бараат некој што има слични карактеристики како него? Од гледна точка на психолозите, се верува дека луѓето имаат тенденција да ги привлечат оние што личат на нив. Иако старата поговорка вели дека „спротивните се привлекуваат“, повеќе се случува да се привлечат луѓе со слични карактеристики и интереси.

Бихејвиористите тврдат дека тоа е секојдневен контакт што ги наведува луѓето да ги имитираат гестовите и изразите на лицето едни на други. Исто така, кога станува збор за среќна двојка, поголема е веројатноста да покаже слични физички карактеристики. Откривме повеќе причини зошто луѓето во пар изгледаат слично.

Ги поврзуваат заеднички искуства

Многу научници тврдат дека една од причините зошто партнерите почнуваат да си личат е тоа што ги доживеале истите искуства кои оставиле ист белег на нивните лица. Едноставно кажано, тие личат еден на друг поради заедничките емоции како смеа, тага и други моменти кои формираат линии на нивните лица. На пример, ако еден од партнерите се пошегува и двајцата се смеат, тие со текот на времето ја развиваат истата линија на смеа додека ги прифаќаат изразите на едни со други.

Адаптација

Како што поминува времето, луѓето во врска се прилагодуваат на навиките, начинот на живот и желбите на едни со други. Исто така, почнуваат да го имитираат стилот на другиот и заедно поминуваат низ слични искуства. Емоциите низ кои поминуваат паровите заедно доведуваат до формирање на нивниот карактер, но и мускулите на лицето, што најдобро се гледа на насмеано или намуртено лице. Како се формираат мускулите во текот на годините на адаптација во врската, мислите како изгледаат кога ќе ги погледнете.

Изборот на партнер е важен

Покрај тоа што споделените емоции и прилагодувања можат да направат парот да изгледа слично, некои научници веруваат дека жените и мажите избираат партнери кои се генетски слични на нив. Значи, сличноста е „намерна“. Истовремено, тоа е поврзано и со тврдењето на Фројд дека „луѓето ги привлекуваат луѓе како нивните родители“. Во човечката природа е да избира партнери кои личат на нивните родители од спротивниот пол. Во таа смисла, често ќе видите дека маж се оженил со девојка која многу личи на неговата мајка.

Влијание на животната средина

Честа причина за фактот дека парот е многу сличен е тоа што тие имаат слично социјално и културно потекло. Повеќето луѓе избираат партнери од нивната непосредна околина, што значи дека голема е веројатноста да се вклучат во исти социјални активности. Покрај тоа, многумина бараат истомисленици, и некој кој е на нивното академско ниво. Со сето ова во равенката, двата генетски отпечатоци ќе бидат многу слични, а со тоа и личностите на кои им припаѓаат.

Човекот е збир на неговите мисли

Една позната поговорка вели дека „човекот е збир на неговите мисли“, што би значело дека со текот на времето почнува да изгледа како што мисли. Затоа, кога двајца луѓе се во врска и се надополнуваат во говорот, социјалната интеракција и што е најважно во мислата, почнуваат да изгледаат слично. Ако мажот е збир од неговите мисии, а тој и неговата сакана го мислат истото во моментот, тие почнуваат да личат еден на друг. Дури и кога некој ќе дојде во контакт со нив двајца во различни прилики, тие ќе имаат впечаток дека разговараат со иста личност.

Популарно