Ниту Брзата помош, ниту полицијата, интевенирале при наводен секс-скандал во Струга. Адвокатот кој бил и лидер на политичка партија во Струга иако не беше објавен со име и презиме, јасно беше посочен и оцрнет со текст во кој се тврдеше дека се заглавил при секс со 20тина години помлада секретарка во една државна институција. Интернет порталот кој ја објави спектакуларната вест тврдеше дека на помош „во одлепување“ на љубовниците биле повикани Брзата помош и полицијата.
Сличен настан неодамна се случил во едно охридско село. Адвокатите од Струга со кои контактираше нашата редакција се сомневаат дека овој настан бил инспирација за пишувањето. Сепак посочувањето на еден политички активен адвокат се оценува дека е со политичка мотивација. Се најавува и тужба за клевета и навреда.
Во продолжение на оваа вест можете да ги погледнете писмените потврди од МВР, Брзата помош и Медицинскиот Центар во Струга дека таков случај воопшто не постои.
Превземено од прес24