ВИДЕО: Престрелки и повредени во Куманово

Во Куманово од 5 часот утринава не престануваат пукотниците и рафалите од огнено оружје, пишуваат повеќе портали од кумановскиот регион.

kumanovskoPukanje-2

Целата полиција и војска се на нозе, а градот е блокиран од специјални единици.

Според жителите на Куманово, минатата ноќ биле забележани повеќе групи на луѓе облечени во црни униформи.

Погледнете го видеото кое е го обајви Калимеро.мк  во 6 часот:

Mojata cudesna Makedonija :)

Posted by Vanco Naumovski on Friday, 8 May 2015

Информациите велат дека најмалку три лица се повредени во престрелките ноќеска на приодите на Куманово. Весникот „Лајм“ известува за двајца повредени полицајци. Засега нема официјална потврда за настанот.

ХЕРОЈ: Маж истрча од кола и му го спаси животот на момче кое се гушеше

Неверојатно видео од Србија на кое се гледа како маж од Обреновац во Србија му го спасува животот на момчето кое се гуше со брза реакција брзо се прошири на интернет и го воодушеви целиот регион.

Најблагодарна секако е мајката на едногодишното момче кое се враќало од лекар во Обреновац, кое било покрај себе кога на детето среде возење и се слошило. Марко Драгичевиќ потоа истрчал од вториот автомобил и го зел малото момче кое престанало да дише.

Тој се обидел да го реанимира, во што успеал по вештачко дишење. Како што пренесува српски Блиц.рс, се огласил и дедото на момчето.

– Се најдобро, човеку, ќе ти бидам благодарен до крајот на мојот живот! Прекрасен човек и вистински херој – рече Градимир В. во коментар на социјалните мрежи, а на бројните барања од граѓаните додаде дека на бебето сега му оди добро.

– Момчето е добро, слушнав од мајка му, се опоравува и нема никакви последици – потврди јунакот Марко, кој го легна детето на тревата за да го спаси.

На видеото може да се види и како другите минувачи застанале и избезумено гледале што се случува, а благодарение на Марко се се завршило добро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

ВИДЕО: Во врска сме 2 години и не сме ни бакнале - се чуваме за брак!

За повеќето луѓе бакнувањето е голем и многу важен дел од врската, но тоа не е случај за овој пар кој е заедно речиси две години.

Кејтлин О’Нил вели дека таа и нејзиното момче никогаш не се бакнале за време на нивната врска, додавајќи дека луѓето често ги осудуваат поради тоа. Според The ​​Sun, таа исто така објаснила дека луѓето постојано ја испрашуваат за тоа и и’ кажуваат дека бакнувањето не е толку голема работа.

Таа добила и многу коментари дека нејзиното момче е хомосексуалец или дека тие всушност се само пријатели. Објаснувајќи ја својата одлука, Кејтлин вели дека одлучила да почека до бракот за да се бакне, една година пред да започне да излегува со сегашниот партнер. Пред тоа, таа веќе одлучила да почека до бракот за да има секс, поради религиозни причини, но не била сигурна за другите аспекти на романтичните врски.

„По долго размислување, сфатив дека не сакам да бакнувам никого затоа што сакам да го зачувам првиот бакнеж за мојот иден сопруг. Бакнежите отсекогаш ми биле многу интимна работа, но јас лично мислев дека тоа не е нешто што треба да го зачувате за некого, но на крајот сепак го посакав“, објаснила Кејтлин во видеото кое го објавила на Tik Tok.

Пред да решат двајцата да започнат врска, разговарале за сопствените ставови и верувања за романтичните врски, при што и двајцата рекле дека сакаат да чекаат до брак и за секс и за бакнување.

„Бевме најдобри пријатели, а потоа се заљубивме. Сето ова го правиме за некако да се заштитиме и повеќе да се радуваме на иднината“, изјавило нејзиното момче Дру.

Одговарајќи на лошите коментари, тие објасниле дека тоа е заедничка одлука и дека ниту еден од нив не му ја наметнува таа одлука на другиот. Кејтлин исто така вели дека одлучиле да ја споделат својата приказна за да им покажат на другите луѓе дека можете да ги правите работите поинаку ако сакате и дека вашата врска со партнерот не мора да следи туѓи стандарди за да бидете среќни и успешни.

Словенците ја поставија опремата, почнуваат со гаснење на пожарот кај Берово

Шкрљ истакна дека денес пристигнале во Македонија како одговор на земјава за помош.

Пристигнати во Македонија, поставени со целокупната опрема која ја носат со себе. Словенечкиот тим во последни подготовки и координација пред да започне со гаснење на пожарот кај Берово.

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов разговараше со Роберт Шкрљ, човекот кој е лидер и го предводи тимот од Словенија.

-Нашиот модул се состои од 61 член, од кои 42 се доброволни и професионални пожарникари, специјализирани за шумски пожари. Модулот има и 17 возила, од кои 7 се специјализирани за шумски пожари. Во моментов, се подготвуваме во координација со локалните власти за да започнеме со гаснење на пожарите, вели Шкрљ.

Целата вест и фотогалеријата погледнете ја на следниот линк:https://kurir.mk/vesti/makedonija/foto-slovencite-ja-postavija-opremata-pochnuvaat-so-gasnenje-na-pozharot-kaj-berovo/

Популарно