На кој македонски мобилен оператор најмногу му веруваат корисниците оваа година?

Во првата половина годинава омилен оператор на корисниците бил ОНЕ покажуваат податоците. Дури 7700 корисници преминале на мрежата на ОНЕ за сметка на конкурентите. Најмалку доверба му дале на Т мобиле , односно само 2800 корисници се приклучиле на мрежата на овој оператор, а во ВИП преминале 3500.

telefon

Иста е состојбата и во однос на бројот на корисници кои си заминуваат , односно го менуваат операторот каде што ги користат услугите во мобилната телефонија. Имено, ОНЕ го напуштиле најмал број корисници односно 1860 за разлика од Т мобиле од каде си заминале неверојатни 6800 корисници. Од ВИП пак си заминале над 5400 корисници.

Последните финансиски извештаи на ВИП и Т мобајл покажаа пад на приходите и пад во корисничката база. Финансиските резултати за ОНЕ се очекуваат до крајот на неделата.

Коментари

Популарно