Vivo x5 Max - најтенкиот мобилен телефон во светот

Кинеската компанија Vivo официјално го претстави Vivo X5 Max, кој е најтенкиот телефон со дебелина од 4.75 мм...

vivo-x5-max1

Овој телефон го надмина и Gionee Elife, исто како и Oppo R5, кој е само за 0,1 мм подебел. И покрај тоа што е тенок, Vivo X5 Max го задржува dual-SIM слот за картички и приклучокот за слушалки од 3.5 мм.

Телефонот има 5,5 инчен и 1080p Super-AMOLED екран, со Android 4.4.4 Kitkat софтвер. Има и прилично добар хардвер, па така доаѓа со Qualcomm Snapdragon 615 со осмојадрен процесор, 2 GB RAM и 16 GB внатрешна меморија, камера од 13 мегапиксели од задната и 5 мегапиксели од предната страна, како и Yamaha YSS-205X чип за звук.

Овој телефон ќе излезе на кинескиот пазар на 22 декември, а цената ќе биде 485 долари.

Коментари

Популарно