Vivo x5 Max - најтенкиот мобилен телефон во светот

Кинеската компанија Vivo официјално го претстави Vivo X5 Max, кој е најтенкиот телефон со дебелина од 4.75 мм...

vivo-x5-max1

Овој телефон го надмина и Gionee Elife, исто како и Oppo R5, кој е само за 0,1 мм подебел. И покрај тоа што е тенок, Vivo X5 Max го задржува dual-SIM слот за картички и приклучокот за слушалки од 3.5 мм.

Телефонот има 5,5 инчен и 1080p Super-AMOLED екран, со Android 4.4.4 Kitkat софтвер. Има и прилично добар хардвер, па така доаѓа со Qualcomm Snapdragon 615 со осмојадрен процесор, 2 GB RAM и 16 GB внатрешна меморија, камера од 13 мегапиксели од задната и 5 мегапиксели од предната страна, како и Yamaha YSS-205X чип за звук.

Овој телефон ќе излезе на кинескиот пазар на 22 декември, а цената ќе биде 485 долари.

(ФОТО) КУРШУМ НЕ ЈА БИЕ - Нокиа спасува животи во Авганистан

Доказот дека Nokia се најиздржливите мобилни телефони на светот е пред вас.

Питер Скилман, кој е одговорен за моделот Lumia, објави слика со продупчена Lumia 520 со куршум, која спасила живот на војник во Авганистан.

Телефонот повеќе не е употреблив, но најважно е што неговото куќиште успеало да го задржи куршумот во себе и да не пробие до телото на војникот.

На новиот Самсунг S8 ќе може да се играат Нинтендо игри

Најновата верзија од најдобриот Самсунг смартфон, Galaxy S8 е навистина мала но многу моќна направа.

Доказ за моќта на овој смартфон ја докажа еден млад софтвер инженер кој на Youtube постави видео во кое тој на својот Galaxy S8 ги игра игрите наменети за Нинтендо.

Популарно