Годишен хороскоп за 2013 - Рак

   РАК

Како год да свртите оваа година мора да е ваша и тоа повеќе оттколку на било кој друг знак, без оглед на година на раѓање иако, секако и тие се важни и може помалку или повеќе да влијаат на нештата. Да ви објаснам, нема годината да ви биде перфектна, среќна, и убава. Ќе биде онаква каква што сте ја заслужиле со своите концепцции и ниво на свесност кое го имате. Само што нема да се чувствувате како на туѓ терен, туку се ќе ви биде очекувано, па дури и изненадувањата и таквите случувања. Најбитно е дека ќе имате прилично стабилни чувства, или ќе се обидете да бидат такви кон некого или нешто, а ако од порано не се нема да се двоумите за да ги расчистите работите, квалитет, кој не се сретнува баш најчесто кај припадниците на вашиот знак.

Јануари

Новата година ја започнувате во убаво расположение и случувања особено на 04-ти па оттаму ке црпите оптимизам, иако 07-ми ми е доста конфликтен ден или период посебно на планот на партнерствата, новите врски и децата.

Февруари

Непредвидливи емоции, мозности да ве користат другите поради тоа на почетокот на месецот. Вашата преголема сензитивност ви е кочница за акција и динамика. Од 10-15-ти внимавајте на своите односи со авторитети и важни личности, има потреба од прилагодување

Март

Немирен месец, доста воинствен, немате баш премногу компромисни чувства во себе, па можни се конфликтни случувања со амбициозни поединци, иако може да имате голема подршка од јавноста или средината во која делувате

Април

Кариерата, работата, професијата но и сите работи кон кои имате силна мотивација и настојувања се важни за вас, партнерските односи посебно или обезбедување подршка од јавноста ако имате такви професии и занимања. Одличен месец за ослободување од многу романтики, и заблуди.

Мај

Месец во кој вашата работа и секојдневни ангажмани може да имаат примат во вашиот живот, а месецот е насочен кон средување на некаква администрација, документи. За поедини припадници на знаков промискуитетен месец. Лоша дата 20-ти.

Јуни

Опаѓање на енергијата околу 07-ми во месецот па во овој период неколку дена стоење во место и посакување да се случат работите сами од себе, малку повеќе лажење и преправање. Вистината е дека немате енргија. Но ако го премавнете ова се е друго на ваша страна

Јули

Интензивен и динамичен месец во позитивна конотација, посебно 20-ти и околу него. Се е на ваша страна освен вашата чувствителност. Месецов поради голема енергија и можни случувања премногу истакната и како таква контрапродуктивна. Потреба од рационализација, здраворазумско расудување иу не прифаќање на работите здраво за готово

Август

Малку повеќе драматика оттколку што е потребно посебно на љубовен план, но интензивирање на комуникациите, сепак начкрипави со најблиските, брат,сестра, соседи, или други блиски личности. Всушност, најверојатно ваквите односи се можност ако некоја работа, или професионална дејност зависи од нив.

Септември

Кога се во прашање пари или ваши вредносни системи одлуки базирани врз нив и личниот морален кодекс имате голема острина и сила. Но животот може да ве демантира, токму во за вас најструктуралните ставови. Содруги зборови сите работи кои “мене не можат да ми се случат”, особено на qубавно сексуален план, може да ви се случат.

Октомври

Се што правите морате да го сторите со сопствени сили, а месецов токму таков. Не очекувајте од никого ништо иако вашиот став е секогаш на прво место да е групата на последно вие. Ставот е многу исправен, но не и функционален. Ако сте се ослободиле од претераните амбиции убав месец, ако не сте богами доста тврд.

Ноември

Вашето делување месецов подобро е да биде малку подзадскриено, поконспираитивно, и не истопорено пред очите на другите лу|е па дури и пред најблиските. Ова нема да ви падне тешко, сакате да делувате од полумрак, а тоагаш сте и најуспешни. Исклучително среќен месец ако делувате така.

Декември

Месецов имаат успех оние припадници на знаков чии професии и занимања се ориентирани кон луѓе, групи, јавност, политика.  Успешни сте само ако вашите амбиции и пориви се поистоветени со оние на групата и ако најдете самодоверба. Почетокот на месецот до 12-ти исклучително поволен на овој план.

Годишен хороскоп за: ОВЕН, БИК, БЛИЗНАЦИ

Коментари

Популарно