Годишен хороскоп за 2013 - Овен

 ОВЕН

Годината која е пред вас има две конотации. Меките и убави аспекти ќе бидат засилени за родените во одредени години, како на пример 43, 50, 57, 64, 71, 78, 85, 92, а кај родените во овие години може да се очекува дека тврдите аспекти нема да делуваат со полна сила, туку малку поуспорено и поненагласено на скоро сите полиња кои не функционирале како што треба во минатото или пак на рсчистување со тоа што не функционирало.

За жал постои и една можна следна група на родени во овој знак кои ќе имаат засилени тестови, што подразбиа дека сите тешки или тврди аспекти ќе бидат позасилени, а оние меките и не толку заштитнички настроени, посебно за родени во годините 39, 46, 53, 60, 67,74 81, 88-та Кај нив ќе биде исклучителната потреба да се менуваат, и да не го трошат времето и сопствените ресурси очекувајќи дека работите сами од себе ќе се сменат или ќе се сменат околностите.

Јануари

Многу позитивни одлуки, ветувања кон домашните, можеби кон едниот родител, зависи на која возраст сте, за време на божикните празници посебно, но кон 07-ми веќе некакви финансиски тешкотии и можности за расправии на таа тема со истите.

Февруари

Февруари никогаш не бил ваш месец посебно од половината натаму, можни се немири, непредвидливи емотивни изблици, предвидливи реакции кон сентименталности и оттаму лесно искористливи од лу|е кои знаат како реагирате на плачливо замолување. Од половината на месецот фанатична потерба по некакво докажување, настојчивост и јас па јас, со многу ниска изгледност за успех.

Март

Март е ваш месец, посебно од 12-ти натаму, по сите прашања, и толу ќе бидете обземени со себе што тешкотиите и нема да ги забележите, или ќе се правите дека не постојат. Ви се зголемува храброста и оттаму можеби и ризични потфати, дејности и акции. Среќата на ваша страна но не би ја проверувал околу 26-ти.

Април

Најголем дел од енергијата ќе насочувате кон материјалните нешта и кон парите, новно заработување. Лошо користење енергија на тој план и посакување не многу да сторите а се да ви се овозможи. Погледнете го уводот од знаков, ако сте од првата група и некако, оние од втората никако.

Мај

Почетокот на месецот не ви носи посакувани аспекти и најчесто се можни проблеми на доверително-должнички теми. Или некој ви должи па тешко да си ги вратите парите или пак вас ќе ве бркаат за враќање, било да е тоа на приватен или деловен план, био да сте задолжени кај приватно лице или во некоја институција.

Јуни

Месец во кој трпите неколку аспекти не нужно лоши но бидејќи се работи за тешки планети нема баш место за некаков поголем оптимизам ако не сте сериозни, и насочени. Околу 07-ми застој, исчекување, можни разочарувања, комплекси, лаги, измами, од најблиски, брат сестра или некој друг толу близок. Родител се вмешува, околу 11-ти па можно е да се изгладат работите но не без последици по натамошните односи. Окоилу 17-во месецов се размавтувате, имате енергија бестрашни сте, многу комуникации посебно на qубовен план

Јули

Може да манифестирате променливо расположение, кое нема да се менува на ден туку на саат. Можни се нескладни односи со поширокото но и со потесното семејство, посебно со партнерот кој нема да биде одушевен од вашиот егоцентризам и егоизам секако. Но за вас лично ова е месец на проспиритет, на многу убави нешта кои ќе си ги овозможите  без многу пардон за чувствата на оние околу вас.

Август

Месецов може да е доста неповолен за вас, со можности за големи неуспеси , разочарувања  околу 08-ми  под влијание на долготраен аспект кој може да трае и 40 дена.  Се однесува на вашиот деловен и приватен статус, положба, и позиција. Ова за некои ќе значи и големи проблеми со партнерот, па и можни раскинувања и разводи.

Септември

На ред е некаква средување на некаква документација или потреби по инсистуциите, запишување на високошколкси институции, остварување на идеи и планови, контакти на големо и широко,навестувања за промени но за тоа најдобро е да почекате до 14-ти.

Октомври

Да бевте толку сталожени и ладнокрвни рационални и трезвени како месецов многу помалку работи ќе може ад ви се случат од оние непосакуваните во изминатите месеци. Завршување на многу обврски, решавање на некаков ситен здравствен проблем но внимавајте на каков начин. Периодот е околу 19-ти во месецот.

Ноември

Ова не е лош месец за вас лично иако не ви одговара периодот баш најмногу, и покрај можностите на почетокот на месецот да се биде дел од некаква помасовна криза но ова не е само аспект за вашиот знак туку се однесува и на сите други. И во тоа ќе имате доста среќа и среќни околности

Декември

Ова може да е најqубовниот месец во годината иако не верувам дека ќе бидете без тоа и во другите месеци иако со помал интезитет и воглавно односи на сексуална основа. Можни се нови запознавања, контакти врски најчесто во периодот од 07-14-ти. Всушност, најголемата енергија ќе ја насочувате кон партнерските односи.

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

ЈОРДАН МИТЕВ ИСПИША 20 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКА ИСТОРИЈА СО ПЕСНА ЗА СВОЈОТ СИН

Познатиот македонскиот музичар, автор и изведувач Јордан Митев неуморно работи веќе цели 20 години на својата професионална кариера. Благодарение на својот ангажман, но и неговата верна публика две децении изведува своја авторска музика и реди безвременски хитови, кои се составен дел од македонското музичко наследство. Зад себе остава година, во која неуморно секојдневно работеше дома, но и во светот за сите наши вистински љубители на македонската песна. Година во која заокружува 20 години кариера, кариера во која се бројат албуми, хитови, настапи, емоции... И токму така емотивно во за него една од најуспешните години и на професионален, но и на приватен план, публиката ја изненадува со нова песна посветена не неговиот штотуку роден син...

- 20 години се многу, а сепак малку. Годината сепак има само 365 дена – низ смеа вели Митев. Ми фалат денови за уште некој отпеана песна, за уште бар еден одржан концерт, секој ден ми е музика. Благодарен сум на Бога што овие дваесет години си ја имам својата публика. За таа публика вреди да се создава, компонира, пее, живее... па кога функционирате со публиката како едно, тогаш и дваесет години ви проаѓаат брзо. Публиката и семејството се двигателите и за наредните 20 и тие по нив. Среќен човек сум јас, штом ги имам и едното и другото. Со доаѓањето на свет на мојот син Кристијан го добив највредниот подарок за 20 години од мојата кариера. И токму оваа песна Сине, Сине Мој доаѓа во вистинско време како еден печат на веќе од мене потпишана музичка историја

 Песната веќе има илјадници прегледи на YouTube иако е поставена само неколку денови, што гои потврдува фактот дека публиката на Јордан е жедна за уште една негова музичка мајсторија. Иако е голем и значаен јубилеј за славење – 20 години успешна музичка кариера, Митев нема време за славење. Напротив има ангажмани на кои секогаш максимално им е професионално посветен...

- За Новогодишните празници сум во Швајцарија ме очекуваат прекрасни празници со нашите македонци, за Бадник и Божик сакам да бидам дома со семејството, а потоа повторно сум со нови веќе закажани концертни настапи, па одам за Канада.

На јубилеј 20 години кариера работам како да ми е прв ден, ама мора да се испочитува публиката и да се стаса секаде. Тоа ме исполнува и ме прави среќен, ќе има време за славење – вели Митев

       Неговата нова песна Сине, сине мој можете да ја слушнете на следниот линк на YouTube:

 и да наздравите за претстојните празници со стил. Јордан ветува уште многу години дружење со убава македонска песна, нови албуми и хитови и се разбира неговата препознатлив весел дух....

Подгответе се за спектакл во СЦ „Јане Сандански

Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.

Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.

Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.

Организацијата ја потпишува SKYMUSIC продукција, а публиката во Скопје ја очекува продукција на светско ниво – моќен звук, силна визуелна режија и сценски дизајн што го следи секој ритам и емоција на нејзиниот автентичен израз. Тоа ќе биде концерт кој ја потврдува Сенидах како една од најхрабрите и најдоследни авторки на денешната регионална музика.

Влезниците за концертот на Сенидах почнувајќи од денес се достапни преку бесплатната апликација eFinity и преку платформата Wayin.mk.

Популарно