ЛАВ
Годинава може да бидете фатени во расчекор помеѓу вашите амбиции и его пориви, волјата и чувствата, емоциите. Исклучително напната, нервозна, возбудлива година на овие два плана, и постојаното триење и премислување кој од нив ви е побитен може да направи да се чувствувате искористени, неразбрани, нереализирани, млаки, да ви биде повредено егото, најчесто суетата. Можни се многу проблеми во чија основа ќе се крие наведеното а посебно ќе им страда егото, највеќе суетата на родните во годините 46, 54, 61, 68,75, 82, и тоа не со ист интезитет. Многу нови сентиментални почетоци или завршетоци на некои врски кои не биле функционални, или се клателе доста години. Највеќе подложни на вакви промени се родените во годините 43,50, 57, 64, 71, 78, 85
Јануари
Внимавајте на законот и последиците од непочитување на истиот месецов. Многу се празнувања и многу можности за непочитиување и кршенје на истиот, најпрво со возење под дејство на алкохол да не раскажувам за можните непријатности ако заминувате или сте месецов во странство. Околу 07-ми во месецот може да е индикативен за споменатото
Февруари
Веројатно под напливот и упливот на претходниот месец а и религиозни празници кои следат и во месецов, вашите религиски, но и филозофски убедувања и гледишта можат да дојдат во прашање, или на преиспитување. Околу 10-ти избегнувајте големи дискусии и полемики на оваа тема.
Март
Иако е ова не е месец на празнувања духовни и световни, сепак прашањето на партнерствата и заедничките ставови можат да дојдат во прв план, и тогаш можеби можат да дојдат до израз разликите во филозофско религиските глеишта. Имате лоши аспекти веднаш на почетокот на месецот.
Април
Месец на рационална филозофија која одлично функционира ако малку ја дозирате и со хумор. Може да бидете во ситуација некого да го подучувате, да му давате инструкции а тоа секогаш подобро се восприема ако е кажано со малку хумор. Голема интелектуална практична сила.
Мај
Можеби овој месец најдобро ќе ве изрази вас и вашата филозофија, која за жал не ја применувате почесто “живеј и остави ги другите да живеат” е убава филозофија, но таа не значи себично да си ги гледате инетерсите и само своите потреби туку да не им пречите на другите да живеат со постојаната тенденција за контролирање на работите и ситуациите. Први и дваесети во месецот можни тестови на оваа тема.
Јуни
Месецов ви се изразени аспектите за патувања во стрнство или средување на некаква документација, документи, можеби во врска и со поголема преселба ако не и за секогаш во странство. Аспектите се на страна и на некакви правни или факултетски обврски До 10-ти во месецот аспектите не се најдобри.
Јули
Исклучително силен месец за вас многу значаен богат и бериќетен би рекол посебно околу 20-ти. Освен можни патувања на далеку, што е тенденција и од минатиот месец, имате можности за многу куси патувања, комуникации и односи со брат, сестра или заеднички одмор, на исто место или простор
Август
Убаво би било месецов да не говорите само и единствено околу парите и трошоците, бидејќи никој не ве буткал во трошоци самите тоа сте го направиле. Месец во кој најголемо внимание ќе им посветите на финансиите, но и на своите етички врредности низ конкретни не многу забавни случувања, посебно околу 21-ви во месецот
Септември
Почетокот на месцот доста инхибиторен, поради неможноста да ги презентирате своите идеи пред некој авторитет, поради неможноста да се стапи во контакт со него, но таквите опции е само на почетокот на месцот а понатаму особено од половината на месот аспектите се подобри . Имате широки можности за сопстевно изразување посебно во кариерата.
Октомври
Ова е месец верувале или не на ваша интроспекција и контеплација. Може да делувате прилижно повлечено молчаливо и сериозно, што не е баш стилот кој сте го презентирале дотогаш. Од друга страна многу активни тајни непријателства и такви делувања, на сите полиња од ваш голем интерес. 19-ти може да е индикативен во врска со наведеното.
Ноември
Бирате пријатели на истио ниво накое сте и вие, но сакате и некои кои доа|аат од средина позиции и ставови тотално различни од вашите. Знам од каде ви е тој порив, но просторот е премал за елаборација, а овој месец да се чудите на вашите дружби со лица кои се на многу начина под некое ваше ниво
Декември
Пак можности за патувања, но и тешки борби за одржување на некакви статусни положби, за одржување на положбата во кариерата, кокетирања со поитиката, ако не сте политичар. Интензивно лоши аспекти кон крајот на годината. Бидите исклучително претпазливи во врска со наведеното.
Годишен хороскоп за: ОВЕН, БИК, БЛИЗНАЦИ