ВИДЕО: Мигрант доживеа срцев удар пред камерите на Канал 4 во Хртватска!

Камерите на Канал 4 кои ја покриваат мигрантската криза уште од моментот кога првите мигранти стапнаа во Европа, денеска известуваа од Хрватска, каде се случуваше вистински хаос.

Untitled

Големиот бран на бегалци во Хрвтаска следуваше по затварањето на границата на Унгарија кон Србија. Хрватите очигледно не го очекувале сево ова и неспремни ги „дочекаа“ мигрантите. Доказ за тоа е и неприсуството на медицински лица и возила на границата.

Во гужвата на границата еден од мигрантите доживеал срцев удар, па во отсуство на медицински лица, новинари се обиделе да го реанимираат. По 30 тина минути простигнало возило на брза помош, но нема информации дали човекот преживеал.

Коментари

Популарно