Кој со кого спиел во „Беверли Хилс“

Најппуларната тинејџерска серија во 2о век,  „Беверли Хилс“ имаше многу љубовни интриги, тајни и авантури, но се чини ни одблизу на она што се случувало кога камерите ќе се изгаснеле. Некои од врските измеѓу главните ѕвезди дури неодамна се разоткрија, за некои знаеме одамна, но и понатаму не` збунуваат. Еве кој бил со кого во „Беверли Хилс“.

001-90210-group-beverly-hills-90210-6906455-992-468

Дона и Брендон

Тори Спелинг која во серијата го глумеше ликот на Дона Мартин призна дека за време на снимањето од серијата спиела со Џејсон Присли, кој го глумеше Брендон.

Дона и Дејвид

Од претходно е позната врската со Брајан Остин Грин кој беше и нејзино момче во серијата (Дејвид). Исто така, Тори призна и дека се бакнала со Лук Пери кој го глумеше Дилан Мекеј. Сепак, тоа не прераснало во врска.

Кели и Дилан

И Џени Гарт, русокосата Кели, била во врска со фраерот со кој беше во шема и во серијата – според пишувањето на американските медиуми пред две години била во врска со Лук Пери кој го глумеше Дилан Мекеј. Се сеќавате? Него Кели и` го одзеде на Бренда.

Бренда и Брендон

Во серијата глумеа брат и сестра, но кога светлата ќе се изгаснеле... Имено, Шенон Доерти во текот на снимањето била во врска со Џејсон Присли, кој дури неодамна ја призна нивната врска. Со причина, бидејќи...

Брендон и Емили

Присли дури пет години бил во врска со една друга колешка од серијата – Кристина Елис (Емили Валентајн). Интересно е дека сите сцени кои Кристина ги снимила во серијата биле за време на нејзината врска со Џејсон.

Дејвид и Валери

Брајан Остин Грин не ја завел само Тори. Грин бил две години во врска со колешката од серијата Тифани-Амбер Тисер, која ја глумеше Валери Малон. Тие двајца дури и живееле заедно во Лос Анџелес. Исто така, излегувал и со Ванеса Марсил која ја глумеше Џина, а од таа врска го добиле синот Касиус.

Коментари

Популарно