ВИДЕО: За 10 дена земјата ќе се судри со 5 пати поголемата планета Нибиру!?

Рускиot документарен филм под името „Воена тајна – Нибиру“ говори  дека човештвото во фебруари 2013 година ќе биде загрозено бидејќи Земјата и огромната планета Нибиру ќе бидат на доста кратко растојаније

Нибиру е пет пати поголема од Земјата, а карактеристична е по својот необичен пат – односно „лутање“ низ вселената. Овие научници тврдат дека дошло време таа да не „посети.“

Нејзината големина и гравитација можат да предизвикаат промени на Земјата, па дури и промена на половите што би имало катастрофални последици како земјотресите, поплавите и ерупциите на вулканите.

Закараја Сичин, познат американски научник уште од 1978 година изјави дека во Сончевиот систем не постојат девет планети, како што смета официјалната наука, туку десет – односно Нибиру. Таа низ космосот се движи низ развлечен пат и секои 3.600 години минува низ Сончевиот систем. Последниот пат кога оваа планета минала низ нашиот „двор“ ја уништила планетата Фаетон, која се наоѓала меѓу Марс и Јупитер. Од неа има останато само појас од астероиди затоа што огромната лутачка планета има таква разорна моќ што сите планети при удар ги создава во прав.

Интересно е тоа што науката почнала да се бави со оваа планета дури од пред неколку години, а според некои податоци древните Сумери знаеле за неа уште пред 6.000 години. Д-р. Сичин е еден од ретките луѓе кои знаат да го толкуваат сумерското писмо своето откиритие го темели не само на научни откритија туку и на Стариот завет, Книгата на потеклото како и сумерските, вавилонските и хетитските списи.

Една теорија на заговорот вели дека Нибиру не е само планета, туку вселенски брод на кој има напредна раса. Овие суштества настанале од пониски форми на живот, но благодарејќи на необичната природа на планетата – брод и подолготрајното отсутво на сонце ги направило понапредни, велат застапниците на оваа теорија на заговорот. На нејзината површина, наводно, се наоѓаат армии, воени бази и оружје.

Секакви верувања, празноверија и теории на заговор има за Нибиру, од сите нив најинтересно е тврдењето на еден норвешки политичар, напишан после убиството на неговата пријателка, пакистанска политичарка Беназир Буто. Тој тврди дека поради доаѓањето на Нибиру, ширум светот тајно се градат подземни бази и бункери во кои ќе бидат евакуирани само одбрани луѓе. Иако неговата влада вели дека се бази за спас на Норвежаните, овој политичар вели дека во нив само ќе бидат евакуирани политичката елита и припадниците на оние професии од кои најмногу ќе се има добивка.

Сепак ако се ова беше вистина, досега многу јасно ќе можевме да ја видиме со голо око фамозната планета Нибиру! Спиј те спокојно.

Коментари

Популарно