Популарната Емина Јаховиќ пред два дена, додека нејзиниот брат Мирсад Јаховиќ со девојката Душица склопуваше брак пред матичар во Нови Пазар, на Инстаграм објави фотографија како се сонча, а сега објасни зошто не била на свадба.

- Мојот брат не правеше свадба. Само се венчаа во општина. Тоа е интимен чин, на кој не стигнав да одам поради обврски, но затоа моите деца се во Нови Пазар!
Сепак, според она објавено на социјалните мрежи, тешко дека сончањето е обврска.