Има многу теории на љубов, а поголемиот дел од нив се базираат на грчките зборови кои означуваат љубов. Пронајдете се во овие кои ги објави Psychology today, а се базирани на класични дела пред се од Платон и Аристотел.
Првата која на повеќето луѓе ќе им падне на памет кога ќе се спомене љубов е Ерос. Ова е сексуална пасија, наречена по грчкиот бог на плодноста. Тоа е таа состојка која ја нарекуваме хемија, а која го предизвикува почетокот на секоја врска, со надеж дека ќе трае вечно.
Сетете се на чувството кога ќе ја видите својата симпатија, сте се заљубиле и имате пеперутки во стомак. Таа невина љубов е наречена Лудус. Оваа романса може да ја доживеете со потенцијалниот партнер, но слично можете да ја доживеете и со пријател, без наплив на хемија.

Кога сме кај пријателите, постои специјален и многу длабок вид на пријателска љубов која се вика Филија. Тоа се оние пријатели за кои сметате дека ви се сродна душа. Тоа се луѓе со кои времето ви лета и кои ги завршуваат вашите реченици и вие нивните. Тоа е посебна и исклучителна поврзаност, која се случува ретко во животот. Неа понекогаш ја немате ни во односот со љубовниот партнер.
Онаа љубов за која мечтаеме и кој која секогаш тежнееме се вика Прагма, односно долготрајна љубов. Тоа е “живееа среќно до крајот на животот“ љубов. Љубовта која трае е специфична за деца и родители, а секој се надева дека ќе има вакви бракови и пријателства.
Уште подлабока поврзаност е Сторџ, која означува фамилијарна љубов и се занимава со безусловна, семејна љуббов, ја опфаќа потребата за зависност и семејната поврзаност без оглед на личните карактеристики.
Агапе е универзална љубов за се. За ваквата љубов се пееле песните кои настанале во шеесеттите години, кои пропагирале љубов, а не војна. Оваа љубов е човечка, љубов кон светот.
И за крај Филаутија е љубов кон себе си. Таа не е себична или нарцисоидна и не влегува во хранење на егото. Таа слуша, почитува чувства и слуша внатрешен глас. Таа прави никогаш да не се напаѓате и не се казнувате себе си.
Извор: mojo.mk