ВИДЕО: Диме Спасов ги вратил парите што ги потрошил од службената картичка

На сметката на Агенцијата за вработување легнаа 143 илјади денари. Директорката Јовановска вели дека парите ги уплатил возач во Агенцијата, а ги потрошил министерот од претходната Влада, Диме Спасов. Тој, како дополнителен заменски министер за труд, противзаконски користел службена картичка од Агенцијата за вработување, објави 24вести.мк.

„Ненаменски потрошените над 2,5 илјади евра  возачот ги уплатил на уплатница и истата ја достави  до Агенцијата за вработување до секторот за финансии заедно со пропратно писмо во кое дава изјава дека, парите што ги уплатил му биле дадени од Влатко Поповски поранешен директор на Агенцијата за вработување. Парите се уплатени поради потрошени средства од картица која што ја трошел во минатото Диме Спасов поранешниот министер и заменски министер во МТСП“, вели Билјана Јовановска - директор на Агенцијата за вработување.

Без оглед што парите се вратени, Јовановска бара одговорност и најавува кривични пријави.

„Ненаменски потрошените средства  кои сега се вратени во буџетот на АВРМ не ги исклучува од одговорност  поранешниот директор Влатко Поповски и поранешниот министер Диме Спасов. За истите ќе продолжи да тече постапката според која   тие треба да одговараат за злоупотреба на службената должност“, вели Билјана Јовановска -  директор на Агенцијата за вработување.

Диме Спасов и поранешниот директор на Агенцијата за вработување не беа достапни за коментар.

Коментари

Популарно