Љубовта ја лечи физичката болка

Новите истражувања направени на универзитетот Стенфорд, донесоа многу интересни заклучоци поврзани со љубовта. Студијата покажа дека фотографијата на вашата сакана личност може да ја намали болката, делувајќи како апче против болка. 

Студијата спроведена во Универзитетот Стенфорд донесе дирекни докази за поврзаноста на чувствата и намалувањето на болката. Мозокот на вљубените студенти бил сниман со магнетна резонанца. Додека истражувачите им нанесувале болка со различен интензитет, тие имале за задача да се сконцентрираат на фотографијата од нивната сакана личност.

Заклучокот е дека чувството на болка од среден интензитет со помош на оваа метода може да се намали од 36% до 44%, а интензивната болка за 13%.

Во друга студијата во Универзитетот во Калифорнија психолозите проучувале реакции на 25 девојки и нивните момци со кои се во врска повеќе од шест месеци. Девојќите ги држеле момците за рака без да се гледаат, бидејќи телата им биле сокриени под завеса. И ова истражување докажало дека болката на поголем дел од девојките се намалила со ист интензитет како со фотографијата на саканата личност.

Коментари

Популарно