Во саботата спасувачите од горската служба го спуштиле од планината Елбрус, во западниот дел од Кавказ на руско-грузиската граница, телото на алпинистка којашто загинала, како што се претпоставува, во текот на искачување пред 31 година.
„Телото на жената го пронајде група туристи на Елбрус на надморска височина од околу 4.000 метри и ги извести спасувачите. Според првичните сонанија, алпинистката загинала при искачување пред 31 година. Телото е евакуирано“, соопштиле од руското министерство за вонредни ситуации.
Од таму истакнале дека во 1987 година во областа каде што е пронајдено телото во лавина загинала седумчлена група планинари. Тогаш потрагата по загинатите била неуспешна.
Министерството за внатрешни работи на регионот Карачево-Черкесија рекле дека идентитетот на жената е утврдин според документите пронајдени кај телото.
„Најден е пасош на име Елена Константиновна Баикин родена 1951 година, жителка на градот Нова Ладога, во Ленинградската област, кај која исто така имало и авионски билет на нејзино име, датиран од 10.04.1987 година за лет од Москва до Минерлни Води“, соопштиле од полицијата.
Планината Елбрус е популарна кај алпинистите поради тоа што станува збор за заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ во Кабардино-Балкарија и Карачаево-Черкесија, Русија, близу границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок на Кавказ и во Русија, а според некои мислења и во Европа или највисок во западна Азија. Елбрус, односно неговиот западент врв е висок 5.642 метри, додека источниот е малку понизок, со височина од 5.621 метри.