Киснење на дожд, камера на седиште и забрана за влез со знаме со „Сонцето од Кутлеш“!

Македонската ракометна репрезентација го одигра двомечот со Исланд и освои 3 бода. Победа на гости и нерешен исход во Скопје. Три бода кои речиси и да ни гарантираат учество на следното ракометно првенство. Можеби нерешениот исход ни донесе горчлив вкус, по историката победа во Исланд, но тоа никако не смее да ја намали големината на бодовите, посебно земајќи во предвид дека имаме нов селектор. Два максимално неизвесни и борбени меча, од момците кои секогаш го оставаат срцето на терен. Сепак, овој текст не е за нив, ниту за Брестовац. До нив, само уште едно големо благодарам, па се гледаме во Јуни во Скопје против Грција.

Ова е текст за македонската ракометна федерација, како организатор на мечот со Изланд во СЦ Борис Трајковски и диктатурата на која сведочевме вчера.

Спортско рекреативниот центар „Борис Трајковски“ е изграден во 2008 година. Прв официјален репрезентативен натпревар во него го одиграа токму ракометарите и за противник го имаа токму Исланд. Беше тоа бараж за светското првенство во Хрватска. Полна сала, пеколна атмосфера и огромна победа изразена со 8 гола разлика. Конечно Македонија го мина Исланд, а Борис Трајковски се претвори во дом на оваа генрација македонски ракометари. 11 години Македонија ги игра најголемиот број на репрезентативни натпревари токму таму. Не само ракомет, туку и кошарка, а не ретко и одбојка. Салата е речиси секогаш полна, посебно за ракомет, но организаторите никако да научат дека 6-7.000 луѓе е речиси невозможно да влезат од еден влез!  Има две опции. Или се сериозно глупи или ич не им е гајле за публиката која платила карти. Еве и вчера, за влез се чекаше 20-30 минути и тоа на дожд! Кисневме додека целата сала не се наполни од две врати од главниот влез. Дури и тој влез не работеше со полн капацитет! Знаел организаторот колку карти се продадени и колку време ќе ни треба да се украцаме „како СТОКА“ низ две отворени врати, но не му било гајле!

Дека станува збор за сериозно пореметување, укажува бројот на повторувања на ова однесување, но и нивото на организација. Не беше доволно што накиснав на дожот надвор, па следуваше ново изненадување. Столчињата кои ги имавме платено, беа покриени од камера! Да. Организаторот продава карти, каде што веќе изградил пано и поставил камера! Не дека нешто им смениле тие 400-600 денари од нашите карти, но колку треба да си ретард, да продадеш карти за столчиња, што реално не постојат? Или може не си ретард, туку едноставно не ти е гејла за „СТОКАТА“ што дошла да гледа ракомет.

На крај, моментот што го прескокнав, меѓу киснењето на дождот и камерманот што не молеше да не мрдаме, затоа што плато се мрда и камерата не работи. Моментот при влезот во салата и изненадувањето од Никоб. Забрана за влез со знаме со сонцето од Кутлеш. Искрено, јас бев со такво знаме во себе и го внесов. Никој ништо не ми рече, бидејќи знамето ми беше во јакната. Не  знаев дека е ЗАБРАНЕТО! Но, подоцна дознав дека обезбедувањето реагирало и дека „старото“ знаме е забрането! Да, во договорот од Преспа, пишува дека тој симбол е сега грчки и дека ние ќе го отстраниме од сите објекти, но ова е веќе класнична диктатура. Знаме е променето во 95 година и досега никој, никогаш и никаде не ни го забранил, а камо ли во сред Скопје! Засега немам информации, кој тоа ја наредил забраната и дали Никоб на своја рака се обиделе ваков зафат. Од оние кои се пожалија на социјалните мрежи, никој не спомена инцидент со полицијата присутна во салата., но зошто Никоб би го правеле ова без наредба „од горе“? Можни комбинации има многу, но не сакам да шпекулирам. Засега е јасно дека ова е прв пат да се врши ваков притисок и забрана врз она што го чувствуваме за свое и тоа токму пред мечот со Грција во Јуни! Ако против Исланд е забрането сонцето од Кутлеш, што не очекува кога на гости ќе дојде нашиот јужен сосед, пријателска Грција? Ќе смееме ли да пееме „МАКЕДОНИЈА“? Химата повторно ќе биде без текст или воопшто нема да се интонира? Така ли изгледа „ЗАБЕТОНИРАНИОТ ИДЕНТИТЕТ“? Ова ли е „Европска“ Македонија?

Само една порака за крај, до организаторот, кој и да е: 14 години не го заборавивме знамето, што мислите колку време ќе го помниме името?

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно