ФОТО: Македонија беше домаќин на BMW Football Importers Cup

Изминатиот викенд компанијата М Кар беше домаќин на настанот BMW Football Importers Cup, кој оваа година за прв пат се оддржа во Скопје, во Националната Арена Тоше Проески од 28.06.2019 до 30.06.2019.

Победник на натпреварот беше екипата на BMW Египет.

BMW Football Importers Cup 2019 во својата суштина е тим-билдинг настан, фудбалски натпревар за импортерите на BMW од регионот Африка, Карибите и Источна Европа. Овој настан веќе неколку години традиционално се оддржува во различна земја од овој регион. Оваа година се оддржа по четврти пат во Скопје, по организираните натпревари во Минхен, Загреб и Белград во изминатите три години.

На настанот присуствуваа претставници на највисокото раководство на BMW Group за регионот, имено д-р. Томас Рин, генерален директор на BMW Group за регионот: Африка, Карибите и Источна Европа, како и останати претставници на високиот менаџмент од BMW Group и импортерите на BMW.

Коментари

Популарно