Луѓето во брак „се помалку изложени на стрес“

Иако често се вели со стапувањето во брак  завршуваат деновите на слобода и забава, научниците неодамна откриле дека бракот всушност може да ве спаси од стресот.

Една студија објавена во списанието Psychoneuroendocrinology, спроведена од група научници, вели дека е полесно луѓето да се справат со стресот кога не се сами. 

Резултатите покажале дека луѓето во бракот имаат најниско ниво на кортизол или стрес хормон. Ова може да значи дека брачните двојки, всушност, „носат “ помалку стрес отколку кога се сингл. 

Исто така, истражувачите забележале дека највисокото ниво на кортизол е меѓу оние кои биле во брак и се развеле, како и меѓу оние кои морале да се соочат со смртта на својот партнер.

Нивото на кортизол се менува во текот на денот. Тој во голема мера ја достигнува својата највисока точка кога лицето се буди и продолжува да паѓа во текот на денот. Студијата, исто така, ги спореди нивоата на кортизол кај учесниците, а резултатите покажаа побрз пад кај  лицата кои се во брак во споредба со другите групи. 

Со оглед на тоа што стресот е поврзан со развојот на рак или срцеви заболувања, луѓето во брак кои се изложени на помалку стрес може да имаат помал ризик од склучување на овие болести. 

Исто така, важно е да се има на ум дека овој заклучок не е лек за сите ситуации. Нема смисла да се венчате со првата личност со која се заљубите или да останете во  врска која  нема иднина само за да се обидете да ја спречат појава на стрес.

Коментари

Популарно