Фото: Фолк пејачот не ја „откачил“ вереницата

Пејачот Дарко Лазиќ се огласи  во врска со шпекулациите дека  ја раскинал веридбата со својата вереница Марина Гагиќ, со која веќе го имаат и нивниот мал син Алексеј.

Дарко објави заедничка фотографија со вереницата од периодот кога таа беше бремена. На истата таа го држи цврсто за рака, а таа сцена тој ја опиша со срце.

Со тоа јасно стави до знаење дека меѓу нив нема никакви проблеми, туку напротив – голема љубов. Да се потсетиме – медиумите пишуваа дека се е завршено помеѓу нив, откако Марина ги повлекла сите заеднички фотографии.

Сепак, според објавата на Дарко, сите дилеми се решени.

Коментари

Популарно