Видео: Тој сакаше само да се спријатели

Неколку месеци, еден мистериозен посетител минуваше време во водите на Хамерфест, Норвешка - кит од видот белуга, за кој се верува дека бил обучен од Руската армија, од каде, наводно, тој избегал.

Но, и покрај неговото наводно минато во тајни операции, белуга се покажа како поинаква.

Пред некој ден, Јохансен шетал покрај бреготна Хамерфест кога забележал како белуга како се однесува чудно (и крајно симпатично).

Поточно, галебот кој бил таму го привлекол  вниманието на китот кој бил решен да  се спријатели со галебот.

„Тој се обидуваше да игра со галебот“, рече Јохансен. „Она што ме изненади беше колку беше внимателен и нежен тој. Ова беше посебно да се види“.

Галебот, од друга страна, не го делеше воодушевувањето на китот,  тој беше малку иритиран од упорноста да му пристапи китот. Во одреден момент, тој одлучи дека мму е „доста“.

„Птицата не беше повредена и само избега“. вели Јохансен.

Но, откако се појави белугата, некои луѓе беа загрижени дека тој не може да се грижи за себе, претпоставувајќи дека бил дресиран од луѓе. Но, според Јохансен, кој од време на време го гледа животното, китот  тврди дека сепак добро изгледа добро и добро се наоѓа.

„Изгледа силно и здраво“. вели Јохансен. „И тој е расположение да си игра“.

Коментари

Популарно