Сите мислат дека „Деспасито“ е најслушана песна меѓутоа..

Список на најслушани песни , албуми и уметници во последните 10 години е објавен на еден сајт за слушање музика , а тие откриле дека уметникот чија музика најмногу е  слушана е  Дрејк .

Раперот собра повеќе од 28 милијарди кликови, а неговата најпопуларна песна "One Dance" е слушната 1,7 милијарди пати. Навторото место се најде Ед Шеран , по што следат Пост Малон , Ариана Гранде и Еминем .

Најслушана песна во деценијата е „Shape Of You“ на Ед Ширан која е слушната 2,4 милијарди пати..

Најслушана песна во 2019 година е „Сенорита“ од Шон Мендес и Камила Кабело . Песната е објавена во јуни и оттогаш е слушана милијарда пати. Веднаш зад неа беше песната на Били Ајлиш „ Bad Guy“ со 900 милиони лајкови.

Били Ајлиш исто така се најде на врвот на топ листите со својот деби албум "When We All Fall Asleep Where Do We Go".

Коментари

Популарно