Оваа година е година на Стаорецот која родените во овој знак долго ќе ја паметат

Симбол на Кинеската Нова година за 2020 е Стаорецот. Годинава по овој хороскоп започнува на 25 јануари, а се верува дека белиот стаорец носи просперитет, но сепак нема цела идна година да биде успешна.

Годината ќе биде посебна за оние кои се родени во знакот на Стаорец, а во овие години: 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008..

За нив 2020 ќе биде година на големи промени. Ќе имаат голем број потешкотии, но доколку се упорни и превземат ризик, добро ќе им биде вратено.

За оние кои се родени во годината на владеењето на Змејот 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000 не вреди да ризикуваат. Идната година ќе им помине мирно и стабилно. Одвојте време за сее: патувајте или занимавајте се со своето омилено хоби.

За конечно да ја фатите среќата родените во Змија, а во годините 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001 неопходно е да се откажете од лошите животни навики.

Родените во годината на Мајмунот може да очекуваат семејно гнездо, ќе обезбедат покрив над главата, а може да очекуваат и бебе.

2020 година ќе биде полна со задоволства и пријатни моменти за оние кои се родени во кинеската година на Кучето: 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006 година.

Слободно може да се опуштат оние кои се родени во годинава на владеењето на Волот 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997. Тие можат да успеат во се, иако не ги очекува некоја голема промена.

Коментари

Популарно