ФОТО: Крит и Кикладските острови фотографирани од вселенатапрекрасна глетка

На социјалните мрежи кружат неверојатни фотографии кои пристигнале од Меѓународната вселенска станица, а корисниците се воодушевени.

Неверојатен увид во тоа како всушност од вселената изгледаат островот Крит и Кикладските острови, а ни ги даде италијанскиот астронаут кој ја фотографирал оваа сцена од Меѓународната вселенска станица.

Лука Пармитано, астронаут и механичар, ја фотографирал оваа неверојатна сцена и ја споделил фотографијата на социјалните мрежи.

„Сјајот на сонцето конечно ја открива разликата помеѓу земјата и морето“ - напишал и ја споеделил фотографијата која го воодушевила светот.

Иако многу се оддалечени едни од други, грчките острови набљудувани од вселената изгледаат како да се многу блиску, односно како на чекор еден од друг.

На фотографијата која е споделувана неколку илјади пати, може да се види и кои од островите се фотографирани. 

Коментари

Популарно