Се јави „кршачот“ на таблата со Северна - не се гордеам ама морав да се почувствувам жив

Се дозна кој ја скршил таблата со натпис Северна Македонија. Станува збор за Никола Ќурчиев од Велес, кој за „ова дело“ сам се пофали на фејсбук. Тој вели дека тоа го сторил свесно и дека сам ќе ја плати казаната.

„Луѓе вака - Нит сум член на партија ниту некој ме натерал да ја скршам таблата. Причината е тоа што секојдневно минам и кога че ја прочитам кованицата северна секогаш ми иде тешко на душава и ме боли, секогаш кога ќе го видам тоа се осеќам згазен навреден и понизен. И се погоди пијан да се враќам од чаршија и ја искршив. Не се гордеаам со потегот, ама морав да изреагирам некако да се осетам жив. А сам се пријавив од две причини - прво да не ме.собираат од дома и да ги вознемирувам моите уште рано од сабајле и второ ако избегав и ако не се пријавев ќе беше скршена табла само, вака ми се слушна гласот и револтот. Свесно се направив и свесно сам ке си ја платам.казната сто ми следува. Да живее Република Македонија“, напиша Ќурчиев на својот фејсбук профил.

Тој вчера бил уапсен бидејќи откако добро се опијанил, искршил табла со натпис „Република Северна Македонија“.

На 22.02.2020 во 06,20 часот на ул.„Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Полициска станица Велес го лишиле од слобода Н.Ќ.(39) од Велес кој бил во алкохолизирана состојба, а по претходна пријава од истиот дека искршил поставената табла  со натпис „Република Северна Македонија“ поставена на објект на ул.„Димитар Влахов“ во Велес. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Коментари

Популарно