СЛЕДНАТА МЕРКА ЌЕ БИДЕ ПОЛИЦИЈА НА ИЗЛЕЗИТЕ НА ГРАДОВИТЕ: Новиот број на заразени премногу висок

Ако се потврди денешната бројка, која според неофицијални информации може да достигне и над 200, следната мерка што ќе биде воведена е полициски пунктови на излезите на градовите кои ќе се сметаат за жаришта на корона вирусот, пренесува Фактор. 

Воведување на ваков карантин, е целосно исправна работа и според епидемиологот Никола Оровчанец, кој за Фактор вели дека тоа е според сите правилници, како треба да се спроведе карантин.

Резултатите се уште се сумираат, наскоро, треба да бидат бидат официјално соопштени.

Инаку, најголемиот број на новозаразени повторно е од критичните општини.

Коментари

Популарно