Видео: Како се „одржува“ Даниела Темелковска

Пејачката  Даниела Темелковска која во она време пред коронавирусот не можеше да земе здив поради голем број музички настапи, сега кога никаде не пее од добро познати причини, сега си вози точак, а, се поради одржувањето на физичката кондиција која ќе и биде потребна повторно за сцената.

-Не се жалам, само нестрпливо чекам да се вратат времињата кога бев многу активна на музичката сцена, кога дома доаѓав само да распакувам и спакувам куфери за некои следни настапи и во Македонија и во странство.

Оваа подолга пауза мене добри ми дојде да се одморам, да уживам во природата и во возење точак кое за мене е покрај пливањето најздрава спортска дисциплина, ни вели згодната Даниела која во времето на карантин, дома за своите се покажа дека е и  одлична во кујната, докажувајќи така дека и пејачките можат само ако имаат време да бидат и супер домаќинки.       Д.М.

Коментари

Популарно