ЛЕКАРИТЕ ВО ШОК, СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ ЌЕ СЕ ИСТРАЖУВА - имала ли младата девојка нешто што не знаела

Можно ли е да имала претходни коморбидитети за кои не знаела таа или нејзиното семејство.

Лекарите уште се шокирани од смртта на младата 24 годишна девојка која почина во изминатото деноноќие на Инфективната клиника.

Ќе се бара помош и од МАНУ за да се откријат причините за смртта. 

За младата пациентка од Тетово која денеска на Инфективната клинука почина од КОВИД-19 не било пријавено дека има хронични заболувања, но лекарите во следните денови ќе разговараат и со семејството, за да утврдат присуство на можни коморбидитети. 

„Пациентката била болна една недела пред прием на Клиниката за инфективни болести. Имала покачена температура, изразена малаксаност, кашлица и отежнато дишење. Лекувана е од матичен лекар со инфузиони раствори 4 дена, а поради опстојување на тегобите, се јавила во болницата во Тетово. Направен е тест за ковид, добиен е позитивен наод и пациентката е хоспитализирана. Со тешка клиничка слика, ниска сатурација и отежнато дишење е префрлена на Инфективната клиника во Скопје на 28 јуни“, објаснуваат од МЗ.

Во тек на лекувањето на клиниката, како што нагласуваат, биле применети сите можности за лекување, по што се забележало извесно подобрување, но краткотрајно, со наредно повторно влошување и клинички знаци на срцева слабост и белодробна тромб емболија. 

Коментари

Популарно