Симптом за коронавирусот за кој досега не сме слушнале

Треска, кашлица, малаксаност, потоа проблеми со стомакот, губење на чувството за вкус и мирис … Се чини дека во овие седум месеци напамет научивме кои се првите симптоми на коронавирусот, но штотуку е откриен уште еден што никој досега не го спомнал!

Британското здружение на дерматолози ги анализираше симптомите пријавени преку апликацијата за самооценување и утврди дека проблемот со усните може да биде показател за корона!

Сувите, болни и испукани усни можат да бидат еден од најраните симптоми! Иако ова може да звучи нелогично, тоа всушност има смисла. Еве што велат дерматолозите.

„За време на пандемијата, стана јасно дека покрај главните симптоми, треска и кашлица, симптомите можат да се развијат и на кожата. Извештаи од Кина, а потоа и од Европа покажаа дека вирусот корона предизвикува симптоми на кожа во 20% од случаите, бидејќи предизвикува многу имунолошки реакции. „Не е ни чудо што кожата е исто така погодена. Усните можат да бидат болни, суви, па дури и ранливи“, велат дерматолозите.

Сепак, само затоа што усните се суви, не мора да значи дека имате коронавирус, особено во овој период од годината. Постуденото време и ветрот сигурно дополнително ќе ги исушат нашите усни и ќе не натераат да посегнеме по стикчиња за нега на усните.

Совет е да ги покриете усните со шал за време на студеното време кога сте надвор. Меѓутоа, ако усните се различни од вообичаеното во овој период од годината, советот е веднаш да се изолирате и да се тестирате пред да се појават очигледните симптоми.

Коментари

Популарно