Зошто Даниела Темелковска ги крие долгите нозе?

Фолк пејачката Даниела Темелковски, според голем број неофицијални анкети, е во самот врв на листата на згодни естрадни риби. Единствената замерка во последно време оди на адресата на нејзиното избегнување да носи мини здолниште (на настапите,пред короната) со што секако им го скратува задоволството на машкиот дел од публиката

За познатата пејачка Даниела Темелковски речиси 90 проценти од нацијата се прашува како може и на тие пристојни години, а башка што има и возрасен полнолетен син, да изгледа така совршено без вишок килограми и со нозете како манекенка. Оние кои се секогаш љубопитни велат дека често поради љубопитноста и ѕиркаат во менито, па веројатно и од изборот на јадењата Даниела изгледа така свежо. Ретко кога јаде месо, а најмногу се храни со овошје, зеленчук и супи. Не дека месото сосема го исфрлила од исхраната, предвид доаѓа само вареното мисиркино, таа е сепак повеќе за вегетеријанската здрава исхрана која содржи многу риба во сите изданија.

Е, сега ако го парафразираме овој збор, можеме слободно да кажеме дека Дани според голем број неофицијални анкети е меѓу пет најзгодните естрадни риби.

Единствената замерка во последно време оди на адресата на нејзиното избегнување да носи мини здолниште со што секако им го скратува задоволството на машкиот дел од публиката. И така сè си е на своето место, освен тоа кога од фановите Данче ги крие долгите нозе додека настапува или кога ќе ја сретнат на улица, кога тие ѝ дофрлуваат онака со ќеиф: А, каде ти е миничот, покажи убавице тоа што и на Господа му е мило“!!! Или е во фамерките или во долгите вечерни фустани или понекогаш во народната носија. Но и никако во мини. Тоа остана само на старите фотографии!

Д.М.

Коментари

Популарно