Жители на Косово се осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче

38 годишниот И.Л и две години постариот Б.В, двајцата од Косово, се осомничени дека пукале кон полицаецот З.Р. Инцидентот се случил синоќа пред 17 часот во скопската населба Ѓорче Петров.

- На 01.03.2021 околу 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на кружниот тек во населба Ѓорче Петров, лице од возило „фолксваген голф“ пукало кон возило „мерцедес", во кое бил полицискиот службеник З.Р.. Притоа, З.Р. се здобил со повреди во ногата и се упатил во Градската општа „8-ми Септември" за укажување на помош, велат од МВР.

Два часа по инцидентот биле пронајдени можните сторители.

- Околу 19.00 часот возилото „голф“ било пронајдено, а потоа, поради сомнение дека се сторители на делото, од слобода биле лишени Б.В.(40) и И.Л.(38), двајцата од Косово. По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во известувањето од полицијата.

Полицискиот службеник кон кој било пукано е син на поранешниот поглавар на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Коментари

Популарно