Смртоносна бактерија во сладолед!

Како што пренесува британскиот „The Sun“, американска компанија која произведува сладолед е поврзана со ширењето на смртоносната бактерија листерија, поради што 22 лица се хоспитализирани во десет земји низ САД.

Топениот сладолед и другите десерти можат да бидат вистински инкубатор за развој на опасните бактерии, не само месото и млечните производи.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, едно лице починало, а една трудница го загубила бебето поради зараза со оваа патогена бактерија.

Листеријата е особено опасна за лица над 50 години, бремени жени, фетуси во развој, новороденчиња и лица со намален имунитет. Според податоците на Светската здравствена организација, инфекцијата со оваа бактерија за време на бременоста сочинува дури една третина од сите случаи на листериоза, а познато е дека може да предизвика предвремено породување, спонтан абортус или да остави сериозни последици, дури и смрт на новороденчето.

Здравите возрасни лица се разболуваат ако храната е масовно загадена со овој микроорганизам.

Кога сладоледот е опасен по здравјето?

Омиленото летно уживање е опасно кога се консумира откако ќе се одмрзне, па повторно се замрзнува во самопослуга. Сладоледот брзо се топи на собна температура, а млечната, слатка и влажна средина е совршена за развој на бактерии, особено кога сладоледот ќе се одмрзне по втор пат.

Најдобар начин да го избегнете ова е да ја вратите кутијата со сладолед во замрзнувач откако ќе ја извадите количината што имате намера да ја јадете. Ако двапати го грабнете сладоледот од садот со иста валкана лажица, исто така ја изложувате храната на бактериска контаминација.

Како да се препознае болеста?

На почетокот на болеста има само благи симптоми, висока температура, треска и болки во мускулите, така што болеста наликува на грип. Симптомите од гастроинтестиналниот тракт, гадење, повраќање, дијареа, можеби се единствените симптоми на болеста, но почесто тие се увертира за посериозни симптоми. Тие обично се придружени со постојана треска и општа слабост на телото.

Симптомите обично се појавуваат околу 12 часа по консумирањето на загадена храна.

Истражувањата покажаа дека бремените жени се околу 20 пати повеќе подложни на листерија од другите, здрави возрасни лица.

Коментари

Популарно