Ретко кој не се сеќава на атрактивната пејачка Никол Шерцингер, поранешна членка на групата Пусикет долс. Никол беше една од највпечатливите членки на споменатата група, а освен со гласот се истакна и со својот атрактивен изглед.

Пејачката сега има 44 години и изгледа подобро од кога било. Таа ужива во сето она што го постигнала досега, а често истакнува дека животот не и бил воопшто лесен.

Имено, нејзините родители не можеле да и обезбедат се, па таа морала да заработува пари за своето образование.
За да заработи, продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, а она што многумина ги шокирало е продавањето крв.

– Бев најсиромашна кога учев. Давав крв за да дојдам до пари – изјавила Никол. Таа открила и дека нејзиниот најчест оброк биле палачинките со вода, бидејќи биле евтини и заситувачки.

– Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имал некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд, додала.