Слваната пејачката продавала крв за да дојде до пари!

Ретко кој не се сеќава на атрактивната пејачка Никол Шерцингер, поранешна членка на групата Пусикет долс. Никол беше една од највпечатливите членки на споменатата група, а освен со гласот се истакна и со својот атрактивен изглед.

Пејачката сега има 44 години и изгледа подобро од кога било. Таа ужива во сето она што го постигнала досега, а често истакнува дека животот не и бил воопшто лесен.

Имено, нејзините родители не можеле да и обезбедат се, па таа морала да заработува пари за своето образование.

За да заработи, продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан, а она што многумина ги шокирало е продавањето крв.

– Бев најсиромашна кога учев. Давав крв за да дојдам до пари – изјавила Никол. Таа открила и дека нејзиниот најчест оброк биле палачинките со вода, бидејќи биле евтини и заситувачки.

– Многу го сакам семејството, но никогаш не сум имал некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд, додала.

(Видео) Се обиде да му го украде автомобилот, но не беше свесен каква грешка прави

Еден крадец на автомобили ја избра најлошата можна жртва што можеше - професионалниот борец за ултиматум- фајт, Џордан Вилијамс.

Вилијамс на својот Инстаграм профил објави видео од безбедносни камери, на кое се гледа како крадец се обидува да му го украде автомобилот. Крадецот влегува во автомобилот, а Вилијамс трча кон автомобилот.

Вилијамс брзо успева да ја отвора вратата и го извлекува крадецот, а кога крадецот сфати која е неговата жртва, побегна најбрзо што може.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Jordan Williams (@bomayemma)

Двајца пиромани фатени на дело - подметнале пожар кај Тиквешкото Езеро

Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по преземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, а поради сомнение дека тие предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот.

6 знаци дека имате добар сопруг

Каков треба да биде идеалниот сопруг? Вистинските жени знаат дека физичкиот изглед не е толку важен колку што е важен карактерот и неговото однесување. Овие знаци покажуваат дека имате добар сопруг.

Со него се чувствувате убаво

Со него никогаш нема да се чувствувате лошо. Без разлика дали станува збор за тоа дали се двоумите дали фустанот ви стои добро, дали размислувате како да ги завршите работните обврски или сте тажни – вистинскиот маж ќе ви помогне да се справите со сите ситуации и ќе ви покаже дека може да му верувате.

Добриот сопруг никогаш не се обидува да ве манипулира. Тој нема потреба да ве контролира каде и со кого излегувате кога не сте дома бидејќи ви верува.

Добриот маж нема ве спречи да ги остварите вашите сонови туку ќе ви помогне да ги реализирате. Ќе ви биде најголема поддршка, а по потреба и рамо за плачење. Нема да ви допушти да се откажете од вашите планови и идеи.

Не помислува на неверство – во неговиот живот има место за само една жена, а тоа сте вие.

Знае дека треба да имате време само за себе

Добриот маж знае дека за успешен брак е потребен компромис и дека секој од вас треба да има слободно време за себе. Тој ве поттикнува да минувате време со вашето друштво, да одите на концерт или да се занимавате со вашето хоби. 

Секогаш ви ги дава најдобрите совети

Ако го замолите за совет, ќе ви го каже своето мислење, но никогаш нема да ви го наметнува неговото и да ве тера да размислувате исто како него.

Популарно