Едно суво овошје спречува загуба на коскената маса кај луѓето над 50 години, доволна една шака дневно

Ако сакате да го заштитите здравјето на коските, тогаш треба секојдневно да консумирате по една шака суви сливи.

Освен што се вкусни и ќе ве заситат, тие се одлични за зачувување на коските, се наведува во резултатите на новата студија.

Истражувањето било спроведено од страна на програмата за интегративна биомедицина и психологија на Универзитетот во Пенсилванија оваа година, а во истото биле вклучени жени кои се наоѓале во постменопауза и биле поделени во 3 групи: првата група воопшто не консумирала суви сливи, втората консумирала по 6 на ден и третата по 12 во текот на денот.

Главниот автор на студијата, д-р Јанхави Демани објаснил:

„Резултатите кои ги добивме упатуваат дека консумацијата на 6 до 12 суви сливи дневно ја намалува можноста за појава на воспалителни процеси кои придонесуваат за губење на коскената маса кај жените по менопауза“.

Демани додава и дека оваа студија укажува дека сувите сливи можат да бидат намирница која спречува појава на воспаленија.

Овошјето и зеленчукот кои се богати со биоактивни состојки како здрави киселини, флавоноиди и каротеноиди можат да помогнат во борбата против остеопороза.

„Сувите сливи содржат полифеноли кои можат да ги намалат последиците од воспаленијата и оксидативниот стрес кој придонесува за загуба на коскената маса“, вели Келси Сацман, нутриционистка.

И додека сувите сливи се познати како супернамирница, имајте на ум дека содржат шеќер, па затоа е добро да ги комбинирате со протеини за да се спречи порастот на нивото на шеќер во крвта.

Коментари

Популарно