Ова масло помага во лекувањето на бројни болести

Етеричното масло од мајчина душица (Thymus vulgaris) содржи 20-54% тимол. Тимолот е дел од природните соединенија наречени биоциди. А зошто е биоцидот добар?

Биоцидите се супстанции познати по нивната способност да уништуваат штетни организми. Во комбинација со други биоциди, како што е карваколот, тимусот има силно антимикробно дејство.

Истражувачите ја тестирале неговата антибактериска способност преку ин витро токсикологија на три видови на рак кај луѓето. Резултатите покажале дека мајчината душица ги убива заболените клетки на белите дробови, усната шуплина и јајниците.

Мајчината душица потекнува од Медитеранот и Грците сè уште ја користат за да ги подготват своите вкусни јадења со малку маслиново масло. Но, таа не е добра само за тоа. Како што веќе рековме, по бројни студии на научници од Универзитетот во Масачусетс, тие дојдоа до одлични резултати по бројни истражувања. Имено, резултатите покажале дека маслото од мајчина душица може да убие и до 97% од заболените клетки.

Една неодамнешна студија покажала дека комбинацијата на мајчина душица и маслиново масло ја зголемува моќта на хидрокситирозолот, најмоќното соединение против рак во маслиновото масло.

Дали е ова причината зошто Грците имаат половина помалку проценти на заболени од рак во споредба со САД и остатокот од Европа? Не можеме да кажеме со сигурност, но искрено се надеваме дека е така.

Етеричното масло од мајчина душица се користи и во Ајурведата и во традиционалната медицина поради неговите моќни антиоксидантни, антибактериски и антигабични својства (ги убива габите како кандида).

Онколозите од Универзитетот Селар Бајар во Турција спровеле студија за да го откријат можниот ефект на дивата мајчина душица (Thymus serpyllum) врз заболените клетки на дојката.

Тие го тестирале ефектот на дивата мајчина душица врз клетките и епигенетските настани кај заболените клетки на дојката.

Епигенетиката ги објаснува промените во генетската експресија предизвикани од механизми кои не вклучуваат промени во секвенцата на ДНК.

Списанието „Исхрана и рак“ објавило извештај за оваа студија, нагласувајќи го фактот дека дивата мајчина душица има способност да ги уништи гореспоменатите заболени клетки.

Коментари

Популарно