Како да управувате со семејниот буџет: Практични совети од Лилјана Алексова

Во шестата епизода на „На Каде Одиме?“ ни гостува Лилјана Алексова – личен водич за семејни финансии, која ни отвора врата кон светот на финансиската писменост и практичните стратегии за управување со семејниот буџет.

Со Лилјана зборуваме за професијата судски вештак – што всушност значи таа работа, какви знаења и вештини се потребни за да се успее во оваа професија, како и предизвиците и задоволствата кои ги носи секојдневното работење. Таа ни ја објаснува и важноста на финансиската анализа и како правилното управување со бројки може да влијае врз сигурноста и стабилноста на едно семејство.

Во разговорот, Лилјана ни открива како се роди нејзиниот нов проект Money Master – иницијатива која има за цел да ги едуцира и води луѓето низ сложениот свет на потрошувачката кошничка и финансиските одлуки. Тука ги споделува своите искуства, изненадувањата со кои се соочи во процесот и реакциите на групата која била дел од курсот.

Ова е епизода која нуди практични совети, инспирација и корисни информации за секого кој сака да ја подобри својата финансиска писменост, да изгради стабилна финансиска основа и да донесува паметни одлуки за своето семејство. 

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

Изгради успешен бизнис и силен тим – инспиративен разговор во четвртата епизода на „На Каде Одиме?“ со Павле Зимбаков

Во четвртата епизода на „На Каде Одиме?“ ни гостува Павле Зимбаков – искусен консултант и коуч кој со своето знаење и искуство помага професионалци и компании да го остварат својот целосен потенцијал

Со Павле зборуваме за тоа што е вистински клучно за успехот и како да се гради кариера во динамичниот и брз свет на денешното работење. Тој ни открива колку е значајно да се вложува во тимбилдингот и изградбата на силни, мотивирани тимови, како и за тоа како компаниите кои инвестираат во едукација на своите вработени создаваат стабилна и одржлива иднина.

Во разговорот Павле истакнува дека златното правило на комуникацијата со клиенти не е само теорија – туку практична алатка која помага да се изгради доверба, долгорочни односи и вистинска вредност за бизнисот. Со конкретни примери од корпоративниот свет, тој нуди совети кои секој може да ги применува за да го подобри тимот, компанијата и сопствениот професионален развој.

Овој разговор е инспиративен, полн со практични совети и уникатна гледна точка од експерт кој секојдневно го применува своето знаење за да креира успешни бизниси и мотивирани тимови.

🎧 Епизодата е достапна на YouTube и Spotify:

KARIERA.mk слави 9 години!

Оваа година KARIERA.mk слави 9 години постоење! 🎂

За нас, овие години значат многу повеќе од бројка, тие претставуваат заедница која расте, се развива и создава илјадници нови кариерни приказни.

🌟 9 години поврзуваме луѓе, компании и создаваме можности

Во изминатиот период, дојдовме до бројки кои ни го исполнуваат срцето и ни ја потврдуваат мисијата:

✔️ Над 240.000 зачленети корисници на платформата

✔️ Повеќе од 6.700 зачленети компании 

✔️ Илјадници нови вработувања секоја година

✔️ Растечки број алатки, услуги и поддршка за кандидати и HR професионалци

✔️ Успешни настани, работилници и Career Days кои ги поврзуваат барателите на работа со компаниите

Секој оглас, секое испратено CV, секое ново вработување е дел од приказната што ја пишуваме заедно.

KARIERA.mk денес е многу повеќе од веб-сајт за огласи за работа.

Во последните 12 месеци ја проширивме нашата понуда и ја продлабочивме поддршката за компаниите и кандидатите:

  • Нова генерација на алатки за HR и селекција
  • Подобрена MojaKARIERA зона за кандидатите
  • Подобрена иновативната алатка HR Scanner, која го трансформира начинот на регрутација
  • Преку Career Days, работилници и HR настани, поврзуваме заедници и градиме поуспешен пазар на труд
  • Содржини, трендови, поддршка и професионален развој на едно место

❤️ 9 години доверба, поддршка и инспирација

Нашата најголема сила се луѓето, кандидатите кои ја почнуваат својата приказна, компаниите што градат тимови и партнерите што веруваат во нас.

Ви благодариме што 9 години нѐ правите дел од најважните професионални моменти.

🎯 Ова е само почеток

Влегуваме во свечениот 10-ти јубилеј со огромна мотивација, да креираме уште повеќе можности, уште подобри алатки и уште посилна заедница.

Среќен 9-ти роденден, KARIERA.mk!

Да продолжиме да создадеме успешни приказни, заедно. 🎉💼✨

Популарно