Прегазена 78 годишна жена во Скопје

Вчера во 12.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М.(25) од с.Глумово, скопско, удрило во М.Н.(78) од Скопје, информира МВР.

Како што соопштија од МВР, по несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде од лекар била констатирана смрт.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Коментари

Популарно