„Внимавајте, заразно е“! Девојки се заразиле на Јадранско Море, по телото им се шират красти!

Една девојка се заразила во текот на својот одмор на Јадранско Море, а набрзо нејзините пријателки почнале да добиваат красти по целото тело…

– Бев на одмор со пријателите и на плажата забележавме црвена точка на мојата усна. Отпрвин мислев дека е херпес, бидејќи често ми избива кога ќе ми падне имунитетот. Меѓутоа, по враќањето дома, точката почна да се шири и се претвори во меури полни со вода. Сè добро дезинфицирав и ги мачкав раните, но ништо не помогна – вели сплиќанката за порталот „24сата.хр“, која овој викенд сигурно ќе ѝ остане во горчливо сеќавање.

„Ми рекоа дека станува збор за слатка крастa или импетиго, бактериска инфекција на кожата кај возрасните најчесто е предизвикана од бактериите Staphylococcus aureus или Streptococcus pyogenes. Почеста е кај децата, но и возрасните можат да ја развијат оваа инфекција, особено ако имаат ослабен имунитет или оштетување на кожата. Летните услови се идеални за раст и ширење на бактерии, топлината и влажноста може да го зголемат потењето, што може да ја иритира кожата и да создаде поволни услови за инфекција“.

– Искрено, не знам дали е до постелнината во станот, до моретo… – рекла таа и додала дека во аптеката ѝ рекле дека ова не е прв случај летово и дека луѓето постојано доаѓаат кај нив со истото прашање.

Сплиќанката додала дека нејзините пријатели последователно ги развиле истите симптоми.

– Имам красти на брадата и телото, друга пријателка има красти околу усната, трета на грбот… Добив и температура и чешање по целото тело – рекла една од нив за „24сата.хр“.

Коментари

Популарно