Денот на народното востание - 11 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Како што соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади, овој празник е неработен согласно Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07).
Од ресорното министерство им го честитаат празникот на сите граѓани.