Возач на мопед тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 19 октомври 2024 година, во 08:40 часот, на улица „Гвадалахара“ во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која мопедист изгубил контрола врз возилото и паднал на коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, кои беа констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

На местото на настанот беше извршен увид од страна на екипа од СВР Скопје.

Коментари

Популарно