Трансфер на Ивона Талевска во Алфа Телевизија

По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител.

„Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“, напиша Талевска на Фејсбук.

Во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер.

Останатото ќе го видиме на малите екрани…

Кешишев ги однел полицајците до местото каде што била закопана Вања

Обвинетиот Влатко Кешишев ги однел полицајците до местото каде што била закопана убиената Вања Ѓорчевска.

Ова денеска на рочиштето го сведочеше Музафер Каришиќ, кој во времето на убиството бил помошник началник на СВР Скопје за криминалистички работи.

– Влатко Кешишев го пронајдовме преку „рено кангу“ и разговаравме со него. Во чуден сплет на околности самиот почна да зборува дека е лош човек, дека е нечовек, и наговестуваше нешто. Во еден момент рече дека ќе ме однесе мене на едно место, да ми покаже нешто, бараше да одиме сами не сакаше да одиме со другите началници, сакаше јас и тој сами, ми рече „ако дознае Палчо ќе ме убие“. Тоа беше во полициската станица Кисела Вода. Тргнавме, нѐ однесе до запалениот „цитроен“. Се предомислуваше дали да каже, дали не. Па во еден момент рече „ајде ќе ве однесам, има еден црн пат“. Возевме по негови насоки, се качивме едно 200-300 метри, рече „излезете“. Тоа беше еден широк простор. Сакаше да каже, па рече, „не можам, не можам“, па пак тргна накај возилото, па сакаше само со мене да разговара, па рече „ајде, нека биде“, и со главата ми посочи кон расфрлени перници и душеци. Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците. Велеше „јас стоев на страна“. Ги тргнавме перниците, тој рече „тука е девојчето кое го барате“. Откопувавме додека не ѝ се видоа носот, веѓата и едната нога и престанавме. Прашавме кој, рече „Палчо, ја земаа и тука ја фрлија, а јас бев на страна“. За Боре дознавме исто од Кешишев, тој рече „Боре каратисот“ беше во „цитроенот“ – сведочеше помошникот началник Каришиќ. 

Каришиќ денеска сведочеше и за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. 

Се преврте и запали возило во вчерашната сообраќајка на булевар Гоце Делчев, четворица завршија во болница

Страотна сообраќајка несреќа се случила вчера на булевар Гоце Делчев во Скопје каде повредени биле четири лица. Во сообраќајката учествувале две возика од кое едното се превртело и се запалило.

„Вчера околу 20.55 часот е пријавено дека на бул Гоце Делчев на кракот со улицата „Лазар Личеновски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “шкода” со скопски регистарски таблички и патничко возило “бмв” со скопски регистарски таблички. Возилото “шкода” се превртело и се запалило“, велат од МВР.

Четирите лица кои биле повредени од оваа сообраќајна несреќа биле пренесени на скопските клиники каде им се им се укажало помош.

Денес се навршуваат 17 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 17 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Популарно