17-годишниот пливач Никола Ѓуретановиќ од Македонија го направи невозможното! Во дисциплината 400 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта постави: Апсолутен рекорд на Македонија и Младински рекорд на Македонија.
- Со време од 3:53.05, Никола го собори досегашниот рекорд на Марко Блажевски (3:56.32) за неверојатни 3 секунди и 27 стотинки! Овој успех го најавува како идниот поход во неговата генерација на европските базени!
Момчето-феномен стана познат во јавноста по учеството на 33. Летни олимписки игри во Париз во јули минатото лето.
Со коментар и честитка се јави познатата инфлуенсерка Ина Многуфина:
- Ви текнува на она детено лани што пливаше и стигна последно и се појавија тастатура пливачите кои имаат неколку пати пливано во Пефкохори до длабокото, оние што имаат гледано други како пливаат и тие што мислат дека само они треба да се ѕвезди на македонското пливање, друг никој да не се бања? Па ви текнува колку го хејтаа дека бил последен, а они ни на каса во Веро не биле први? Е, тоа дете, Никола Ѓуретановиќ постави нов апсолутен и младински рекорд во македонското пливање. Онака баш, он го постави новиот рекорд во македонското пливање! 17 години, а веќе ѕвезда во македонскиот спорт. Секоја чест!