Трагедија: Почина 23-годишно момче, паднал од објектот на кој работел татко му

Завчера во 10.50 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 23-годишниот М.О. од Скопје кој починал вечерта околу 20:20 часот.

„Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од објект во изградба на подрачјето на Бит Пазар, каде што бил да однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот. За настанот бил известен трудов инспектор, а увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, се вели во билтенот на МВР. 

Разбиена тepopиcтичка група во Македонија

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Тој појасни дека се постапувало по наредба од страна на Обвинителството за гонење организиран криминал и висока корупција во делот на приведување четири лица.

Постапено е, истакна Тошковски, и по наредба на судија на претходна постапка и извршени се претреси на повеќе локации. Според него, постојат основани сомненија и МВР поднело кривична пријава.

– Станува збор за терористички организации, четири лица кои се лишени од слобода. Тие, во соработка со лица кои не се на територијата на Македонија, подолг временски период се следат од страна на надлежните безбедносни органи и во соработка со меѓународните пријатели е координирано постапено. Имаме доста докази во насока на поткрепено основано сомнение дека овие лица постапувале во насока да организираат во иднина одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави. Нивната цел била да индоктринираат останати луѓе од Балканот кои би можеле да делуваат соодветно во насока на реализација на нивните цели, рече Тошковски.

Во текот на денов лицата кои се македонски државјани, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка и ќе следат соодветни постапки.

– Кривичното дело за кое е поднесена пријава е терористичка организација, а во однос на мотивите имаме основани сомненија дека се поврзани со одредени групации кои се во поддршка на одредени екстремистички и религиозни групи, подвлече Тошковски.

Во затвор почина 64 годишниот Чедомир, убиец на матурантката Драгана

Во затвор почина Чедомир Ѓуриќ (64) од Салаш кај Зајечар, кој пред 10 години брутално ја уби матурантката Драгана Ќириќ (18) од истото село, бидејќи не сакала да му биде девојка.

Да потсетиме, Чедомир Ѓуриќ беше уапсен и осуден на 40 години затвор за убиството на тинејџерката Драгана Ќириќ, која ја претепа и задави во автомобил, а потоа и истури киселина во уста и и го фрли телото ставено во воена вреќа во езерото во Заечар.

Грозоморниот мотив за убиството на Драгана Ќириќ

Да потсетиме, грозоморното убиство се случи во 2015 година кога Ѓуриќ во својот автомобил брутално ја претепа несреќната Драгана. 

Ја задавил, и истурил киселина во устата, а потоа и го фрлил телото во езерото во атар на село Глоговица кај Глоговичка Река.

Два дена по пријавувањето на нејзиното исчезнување, Ѓуриќ бил уапсен, а на рочиштето признал дека ја убил девојката затоа што бил патолошки заљубен во неа, а дека го совладала љубомората затоа што не можел да се помири да има момче.

Диџејот Љупчо кој загина на забава во Радишани не починал од срцев удар

Младиот ди-џеј Љупчо Лешко загинал од насилна смрт додека пуштал музика на приватна забава во скопско Радишани. Ова е конечниот став на Судска медицина по скоро пет месеци откако ја започнаа обдукцијата, објави sjopje1.mk.

Со ова, се потврди тврдењето на родителите дека нивниот син не починал од срцев удар како што, им тврдел вработен инспектор од МВР. Иако е утврдена причината за смртта, и натаму, не е утврдено од што е предизвикана и што било неисправно. Нема осомничени, ниту лица кои биле во притвор.

Родителите, Раде и Кети Лешко, го вперија прстот во сопствениците на приватниот објект. Обвинителката Тања Трајчевска наредила нови вештачења.

„Обезбедени се сите апарати кои биле поставени за пуштање на музика. Испитани се сведоци заради разјаснување. На сите прашања е дадена наредба за електро-техничко вештачење пред една недела. Дадена е наредбата за вештачењето да биде завршено во рок од 30 дена“, кажа обвинителката Трајчевска на брифинг со новинарите.

На забелешката од „Скопје1“ зошто требало да поминат пет месеци за да се даде наредба за ново вештачење дури сега, кога за пет месеци може да се смени цела инсталација во објектот – таа одговори: „ Кога се случи настанот имаше електро-инженер присутен, беше направен увид, и вештото лице сега ќе има во предвид се од настанот, сликани се таблите. Нема да има проблеми. Мислам дека ќе има соодветно електро-техничко вештачење“, додаде обвинителката.

Болката на семејството Лешко е уште поголема. Неговата сестра, Стефанија Лешко, ги прашува институциите што планираат понатаму, бидејќи се сигурни дека постојат доволно докази за да се покрене кривична постапка против газдите на објектот.

„Денес,по нецели 5 месеци добивме извештај од судска медицина во кој сомнежите на мене и моето семејство се потврдија. Причината за смрт на мојот брат е струен удар.Покрај сите докази и изјави би сакала јавно да ги прашам институциите “понатаму што?”. Уверени сме и сигурни дека не е несреќен случај и мислиме дека ЈО има доволно докази за да поведе кривична постапка против сопствениците на објектот. Исто така,сакам да упатам апел до јавноста,особено до родителите дека во Скопје и цела Македонија има премногу објекти кои работат без дозвола за вршење на таква дејност,со кои државата и инспекторатите би требало да се позанимаваат најмногу поради постоење на голем ризик од вакви случаи со смртен исход“, вели Стефанија Лешко за „Скопје1“.

Во поткастот „Претрес“, родителите на Љупчо, отворено зборуваа за сѐ што се случило кобната ноќ. Сметаат дека постојат пропусти при увидот, но имаат и сомневање дека не се преземени сите мерки за да се утврди точната причина, па потенцираа дека објектот никогаш не бил запечатен. Тие посочија дека дури им била вратена миксетата од која Љупчо пуштал музика, па ја донесоа во студио. Иако тоа е возможно, останува отворено прашањето, зошто миксетата им била вратена од МВР, кога, истата е дел од доказен материјл, кој подоцна, може да биде предмет и на ново вештачење

Популарно