Со огромна гордост објавуваме уште еден значаен успех, 7000 зачленети компании на KARIERA.mk!
Овој успех не е само бројка, туку доказ за довербата што ја градиме со години заедно со македонската бизнис заедница. KARIERA.mk денес е многу повеќе од платформа за огласи тоа е целосен HR екосистем кој ги поврзува компаниите и барателите на работа.
Во изминатиот период, континуирано инвестиравме во иновации и нови решенија:
- HR scanner - стратешка и аналитичка алатка која го трансформира управувањето со човечки ресурси
- KARIERA AI - паметни технологии за побрзо и попрецизно пронаоѓање кандидати
- KARIERA настани - eдукативни работилници каде што експерти од индустријата споделуваат знаењa, искуства и практични стратегии
- KARIERA Hub - центар за знаење, ресурси и кариерен развој
- MojaKARIERA - платформа за физички лица што овозможува полесно поврзување, вмрежување и пристап до нови кариерни можности
Секој чекор напред е резултат на заедничка визија модерен, ефикасен и поврзан пазар на труд.
Зад оваа бројка стои силна заедница:
- Илјадници реализирани вработувања
- Континуиран раст на активни огласи
- Вмрежување на компаниите и физичките лица на едно место
- Поддршка во секој чекор од кариерниот пат
Нашата мисија останува иста да бидеме мост помеѓу компаниите и талентите, но и да создадеме простор каде што можностите и луѓето се среќаваат.
Голема благодарност до сите 7000 компании и илјадниците корисници кои се дел од KARIERA.mk. Ова е заеднички успех!
Продолжуваме уште посилно со нови алатки, повеќе можности и уште подобро вмрежување помеѓу компаниите и луѓето.