6 работи за менструацијат кои мора да ги знаете

Менструалниот циклус е циклус од физиолошки промени, кои можат да се појават кај плодните лица од женски пол. Менструалниот циклус, под контрола на ендокриниот систем, е неопходен за репродукција. Вообичаено се дели на три фази: фоликуларна фаза, овулаторна фаза и лутеинска фаза, и покрај тоа што некои извори поинаку ги имаат поделено фазите: фаза на регенерација (менструација), фаза на пролиферација и фаза на секреција. Времетраењето на секоја фаза зависи од женка до женка и од циклус до циклус, но сепак просечниот менструален циклус трае 28 дена. Времетраењето на менструалниот циклус почнува да се брои од првиот ден на менструалното крварење. Хормонските контрацептивни средства ги спречуваат нормалните хормонски промени со цел да се спречи репродукција.

neredovna-menstruacija

Зголемено крвавење

Менструацијата со зголемено крвавење е еден од најчестите проблеми. Нормално е да изгубите околу 80 кубни сантиметри крв. За да бидете сигурно дека е време да го посетите гинеколог, само пратете дали ви се зголемува дневната потрошувачка на влошки. Тоа може да биде симптом од пушење па се до ендометриоза и миом, а сите тие состојби може да се поврзани со неплодност. Обилните крвавења може да бидат поврзани и со намален број на црвени крвни зрнца и лоша крвна слика.

Можете да останете бремени

Иако веројатноста за тоа е многу мала, сепак за време на циклусот има минимални шанси јајце клетката сепак да се оплоди.

Олеснете ги болките на време

Жените кои имаат грчеви и болни менструации, треба да користат аналгетици и пред да ги осетат симптомите. Почнете со терапијата некој ден пред да добиете. Може да ви помогне и спиење, одморање и пиење доволно течности како билни чаеви.

Циклусот не смее да ви направи хаос од животот

Иако 90 проценти од жените имаат некакви симптоми, сепак тие не смее да бидат толку изразени за да ви пречат во секојдневните обврски. Ако почувствувате било какви промени, задолжително обратете се на гинеколог.

Хигиената е клучна

Менструацијата е сосема нормален биолошки процес и жените во тие денови не смеат да се запостават. Задолжително е редовно туширање, па препорачливо тоа да се случува секогаш кога менувате влошка или тампон.Сепак, не претерувајте со средствата за миење, доволно е само вода или пх неутрален шампон.

Важно е и кога вашата мајка го изгубила циклусот

Годините кога вашата мајка влегла во менопауза може да бидат индикатор за тоа дека и вие во тој период од животот би можеле да останете без менструација.

Коментари

Популарно