ФОТО ГАЛРЕЈА: Манастирот Свети Никола во скопско Љубанци

Во близина на главниот град на Скопска Црна Гора се наоѓа селото Љубанци во кое се наоѓа еден прекрасен манастир посцетен на светецот Никола Чудотворец. Ова е прекрасно место за уживање и собирање на позитивна енергија. Zase.mk ви предлага да го посетите да уживате во прекрасната градба и фрескопис, но и во преубавата природа. Додека не го направите тоа погледнете ја фоторепортажата на Златко Божиновски.

1

2

3

Според месното прeдание, манастирот на Свети Николај Мирликијски и Чудотворец, во близината на селото Љубанци бил граден во средината на 19 век како последица на едно видение во сон на селанецот Бојко Раев, којшто се именува како негов ктитор. 4

5

6

Во изградбата, којашто траела од 1849 г. до 1858 г., свои прилози на личен труд и материјални добра принесувале селаните од Љубанци, со оглед на тоа што тие по традиција негуваат особено почитување кон овој светител. Сведоштво за тоа е византиската црква во селото посветена на Св. Никола од 14 век. Иконостасот во манастарската црква е изработен од познатиот македонски мајстор Дичо Зограф. 7

8

9

10

11

12

13

14

За време на прогонствата од Октомврнската револуција, во него стапил и јеромонахот Серафим Бздјукин и тука живеел се до смртта во 1960 годнна. Освен неговиот постои и гроб на непознат монах, а по смртга на о. Серафим во некои периоди овде странствувале монахињи. Заради погодноста на планинската клима, за време на Втората светска војна манастирот функционирал како воздушна бања за болни од туберколоза.

15

16

Од 1998 г. е возобновен како женски манастир. Во него денес живеат три монахињи.

17

18

ФОТОГРАФИИ НА ЗЛАТКО БОЖИНОВСКИ

Погледнете и други фоторепортажи од БОЖИНОВСКИ

ФОТО-РЕПОРТАЖА:Манастир Св. Богородица Балаклија – Делчево

МЕГА ГАЛЕРИЈА: Поглед од врвот на Македонија!

ФОТО: Македонската убавица Бистра на лето !

Коментари

Популарно