Планината Бистра спаѓа во редот на младите верижни планини. Го зафаќа централниот дел од западна Македонија Поради богатството со растителен и животински свет како и пријатната и лековита планинска клима претставува туристички доста привлечна и атрактивна ,нуди услови за развој на зимскиот скијачки и летниот стационарен туриза. Дека оваа македонска убавица нудиуживање за очите уверете се преку фотографиите на Златко Божиновски
На оваа планина има преубава флора и фауна
Издигната е помеѓу кичевската котлина на исток и течението на реката Радика од запад Северната граница ја сочинува басенот на Мавровското езеро и течението на Мавровска река а јужниот,изворишноит дел на реката Треска и превојот Јама
На Бистра се чини дека можете да ги видите сите бои
Се е толку колоритно, што и пеперутките на себе ги имаат сите бои
Бистра е дефинитивно место кое треба да се посети и во летниот период
Многумина на лето одат да собираат разновиден чај
Преубавата песна на птиците на моменти ве одвојува од реалноста
Дури и растенијата овде имаат поинакви форми
Македонија има свои Алпи, кои се преубави
Планината претставува ерозивна површина која личи на конус и чиј средишен дел е понизок, додека околу него се наоѓаат осум врвови повисоки од 2000 метри. Највисок врв на Бистра е Меденица со 2136 м, потоа следуваат Острово со 2154 м, Ќурков Дол е 2110 м, Бистра, Голем Брзовец итн.
Планината зафаќа површина од 572,8 км2 од кој 483,8 со висина над 1000m и 4,8km2 со висина над 2000m
Фотографии на Златко Божиновски
Погледнете и некои од другите фоторепортажи на Златко