Маглата е облак во допир со земјата. Маглата се разликува од другите облаци само по тоа што маглата ја допира површината на Земјата. Истиот облак кој не претставува магла во понискa област може да биде магла онаму каде се допира со повисоки области како што се врвови на ридови или планински гребени. Маглата се разликува од замагленоста само според нејзината густина. Маглата се дефинира како облак кој ја намалува видливоста на помалку од 1 километар, додека замагленоста ја намалува видливоста на помалку од 2 км.

Маглата, всушност, претставува кондензирана (згусната) водна пареа во видна микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). А истата е штетна по здравјето бидејќи не ги пропушта штетните издувни гасови од индустријата, автомобилите итн. во атмосферата.
Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог.